25 Мај, 2024
0.0436

Од мај ќе може да си бирате седиште во Визер

Објавено во: Економија 03 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Визер, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во регионот на Централна и Источна Европа, објави дека од мај 2015 ќе воведе доделување на седишта како би го подобрила патничкото искуство и задоволство.

„На изберени рути од 4. мај како и од 19 мај, на сите виз рути, патниците ќе можат да уживаат во автоматска и бесплатна селекција на седишта, кое што ќе стане дел од процесот на резервација од 8 април. „Визер“ ќе дозволува кога е можно да се селектираат соседни седишта на истата резервација кога патниците патуваат заедно. Потрошувачите ќе можат да ги менуваат нивните бесплатни седишта и да селектираат друго седиште за надоместок од едно евро на wizzair.com или на WIZZ мобилната апликација во било кое време, три часа пред летот. Преферираните седишта, со повеќе простор за нозете или пак во прв ред седишта за брзо излегување можат да бидат резервирани со повисок надомест со оглед на достапноста на истото врз основа кој прв пристигне тој прв ќе биде услужен“, се наведува во соопштението.

Визер ова доделување на седишта прво ќе го тестира на избрани линии (Будимпешта-Барселона, Катовица-Лондон, Букурешт-Дортмунд) почнувајќи од четврти мај и потоа целосно ќе се воведува до 17 мај на сите останати линии на Визер, кои ги има 360 и кои поврзуваат 110 аеродроми во 37 земји.

Патниците со карти купени пред 8 април, а за летови на кои ќе се применува новото правило, седиштата ќе им бидат доделени при пријавата за лет (чек ин) додека патниците кои резервирале седишта со додатен простор за нозе или седишта во предниот дел на авионот ќе бидат во можност да ги изберат седиштата по желба без додатни трошкови.

Патниците со членство во  "WIZZ Premium" и "Wizz Privilege Pass" програмот ќе може да го изберат било кое седиште бесплатно како и да ја искористат можноста на приоритетно качување како би избегнале гужва. Од 8 април Визер исто така ќе ги намали износите на доплата за приоритетно качување (Priority boarding) на само  две евра.

Можеби ќе ве интересира

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Кина го победува Западот во борбата за минерали

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

Бислимовски: Работиме на воведување уште еден час евтина тарифа на струја

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

ЌЕ СТАПИ НА СИЛА КОНТРОВЕРЗEН ЗАКОН: Eвропа трупа залихи кафе

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

КОГА НА 12 ГОДИНИ ОТИШОЛ ВО АМЕРИКА, ПРОДАВАЛ ВЕСНИЦИ, А ЕВЕ КАКО СЕ ЗБОГАТИЛ - новиот поткаст на Фактор за Митре и Софи Кутановски

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ПО ИНТЕНЗИВНИОТ РАСТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО - ПРЕСВРТ: паднаа и цените на пченицата и нафтата

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои три професии носат најмногу пари?

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра

СРБИТЕ ЗА ОВАА РАБОТА ДОБИВААТ 1.100 ЕВРА: Романците заработуваат 4.000 евра