19 Декември, 2025
0.0391

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Најголемите остварени добивки во Тетово се од продажба и издавање на недвижнини

Објавено во: Економија 23 Мај, 2024 08:23

Добивај вести на Viber

Арбериа-Десигн,компанијата на Хасим Хамзаи која е во бизнисот со учебници, печатење книги, канцелариски материјал, печатарски услуги, светлечки реклами и друго, и главно се финансира од договори за јавни набавки со институции раководени од ДУИ, се најде на второто место на компании со најголема остварена добивка во Тетово во 2022.

На првото место е Пофикс, компанијата за производство на малтер,кој наедно е еден од најголемите производители на градежен материјал во Македонија за минатата година по остварена добивка. Добивката е зголемена за 794 отсто, иако приходите се намалени за 20 проценти. Има 130 вработени и е во сопственост на Ертан, Аднан и Исреф Мемедали. Компанијата има и две подружници за организирана подготовка и служење на храна и за товарен транспорт.

Од листата на „Фактор“ дури четири компании се занимаваат приоритетно со издавање на недвижен простор - Тетекс, Палма Траде, АД Интерпромет и К-Рент. Сите овие четири компании се меѓу 15-те најуспешни по добивка на ниво на цела Македонија за 2023, кога станува збор за прибирање закуп од недвижен имот.

Во понуденото рангирање има и три бизниси за изградба на „станбени и нестанбени објекти“ - НБ-Цомпану,АК Инвест и Изо Стоне. Меѓу високорангираните е и Банана Кицк на Илир и Емир Шефити во бизнисот со обложување. 

Меѓу првите е „Санмарти“, компанија на Владо Мартиноски од Челопек, кој со 41 вработен има добивка од околу 1,1 милиони евра. Фирмата е специјализирана за опремување (продажба) на бањи и тоалети.  Иако фирмата е од Тетово, главната продажба е во маркетот АКВА БАУ во Скопје, а во главниот град се и двата магацини. 

„Викториа Порој“ за трговија на мало со метална стока, бои и стакло во специјализирани продавници, на Дашмир Халили, со 13 пријавени вработени има направено добивка од 69 милиони денари и тоа од приходи од 216 милиони денари. Компанијата има и централа за електрична енергија во Јегуновце.

Меѓу најуспешните тетовски компании е и парфимеријата Шатци, која продава и во други градови, како и Универзитетот на Југоисточна Европа, инаку во јавно-приватна сопственост.                                                                                                                        А.К.

Извор: Централен регистар


Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите