СЕ ОГЛАСИЈА ОД ПАРТИЈАТА НА ПАЛЧО ЗА НЕГОВОТО СПРОВЕДУВАЊЕ: Кој и како дозволи информацијата за спровод на Палевски од Шутка до Судот да биде пробиена?

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2024 06:40
Откако завчера осомничениот за убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо, беше спроведен до Судија на претходна постапка, а спроведувањето беше во центарот на медиумскиот интерес, се огласија од неговата партија со реакција.
„Двојни аршини и стандарди за постапување
Дали, доколку припадниците на МВР, сакале да го заштитат животот на Палевски Љупчо немаат превземено мерки и активности како во случајот со судијата Наќе Георгиев
Дали Директорот на истражниот затвор Шутка во Скопје, Филип Андов Сокол, работи спротивно на Законот
-одговорот е ДА!
Кој и како дозволи информацијата за спровод на Палевски од Шутка до Судот да биде пробиена?
Ова НЕ е прв пат, истиот овој директор на Затвор, туку по втор пат, првото носење на писменото барање до Судот го сподели со "новинарите" и сега пак спроводот до Судија на претходна постапка, пак го споделува со "новинарите"
Кој е износот за "ваква информација" ?
Има ли пилот во авионот?
Какво жигосување и јавен линч спроведуваат правосудните органи во Македонија ?
Министерот за внатрешни работи и Министерот за правда ВЕДНАШ да излезат со информација и дадат објаснување за недоличното постапување со "осомниченото лице"!„ велат од „Десна“.
Можеби ќе ве интересира
„ПРИГОВОРИТЕ НА ОДБРАНАТА ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ ВЕШТАЧЕЊА СЕ БЕСПРЕДМЕТНИ“: Обвинителство за случајот „Онкологија“, еве го ставот на адвокатите

„ПОЖАРОТ ВО НИКОЛИЧ БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈЛОШИТЕ КОЈ СУМ ГО ВИДЕЛ, МОЖЕШЕ ДА БИДЕ ПЕКОЛ“: Михаилов со мали повреди при гасењето на пожарот во Дојран

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА „ОНКОЛОГИЈА“: новото рочиште закажано за септември, адвокатот на Васев го оспорува судскиот вештак од Словенија

„Му пришол од зад грб додека редел роба на тезга и го нападнал со кујнски нож“: Обвинителство покрена исграга за обид за убиство (Обновено)

„ОХО продукција“ и режисерот Игор Стоименов ќе го снимаат филмот за Тоше Проески со копродуцент од странство

„БАРААТ ДА СЕ СКАРАМЕ СО СРБИТЕ“: Ванковска открива друг дел од извештајот на ЕУ, еве што и пречи на Европа!

СЕ ЗАОСТРУВА РЕТОРИКАТА ОД БУГАРИЈА: Академик од Бугарија вели „Северна е Северна затоа што зафаќа само 37 посто од северните делови на географската област Македонија“
