19 Мај, 2024
0.0270

Од „Македонија2025“ бараат мудри и брзи решенија за политичката криза

Објавено во: Економија 02 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Македонија2025 е глобална непрофитна организација, основана од светски признати професионалци со македонско потекло, чијашто желба е конструктивно да помогнат на домот на нивните претци.

Организацијата е лоцирана во САД, Канада, Австралија, Македонија и претставува еден независен, невладин и непартиски think-tank, чијашто главна цел е да помогне за добросостојбата на Македонија, денес и во иднина.

„Поттикнуваме и спроведуваме образовни иницијативи и иницијативи за економски развој, кои придонесуваат кон напредок на економијата, помагаат во обуките на професионалните кадри и се надеваме дека ќе инспирираат исклучителни луѓе да станат идните бизнис лидери. Работевме многу за да ја зајакнеме Македонија, со тоа што помогнавме да се донесат директни странски инвестиции, со уште поголема посветеност и доверба, и сме горди што нашата работа има видливи резултати. Намалувањето на невработеноста, промовирањето  на  извозот и создавање можности за младите да го вложуваат својот талент во Македонија, ни е на прво место за тоа што сакаме да постигнеме како организација, велат од организацијата.

Тие посочуваат дека со големо внимание и загриженост ги следат настаните во земјата.

„Внимателно ги следиме настаните во Македонија и сме многу загрижени дека државата може да се соочи со дестабилизација. Најстрого ги осудуваме терористичките акти против институциите во државата и употребата на насилство за политички цели. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на полицајците кои ги положија своите животи за безбедноста на државата и нејзиниот народ. Ги молиме сите граѓани на Република Македонија, лидерите на политичките партии, претставници од општествениот и бизнис сектор да дејствуваат мудро и брзо да донесат решение за политичката криза. Ги повикуваме сите надлежни институции да иницираат независна и непристрасна истрага за обвиненијата за потенцијалните политички неправилности, измами во гласањето, неумесното влијание на судството и медиумите. Само со дијалог и веродостојна комуникација помеѓу сите политички партии, може да се дојде до решение кое ќе доведе до стабилна економска средина за водење бизнис и ќе овозможи безбеден живот за луѓето. Ги повикуваме сите да се однесуваат мирно и со меѓусебна почит, затоа што сите сме едно“, се вели во нивното соопштение.

Побараа од меѓународната заедница да ја поддржи интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, како македонскиот народ не би се чувствувал изолиран и напуштен од неговото европско семејство.

„Пресреќни сме со огромното подобрување на економскиот раст во последните пет години и се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и во иднина. Според извештајот на Ернст и Јанг од мај 2015 „Македонија е лидер во Европа по бројот на отворени нови работни места од директните странски инвестиции, кој достигнува до 223% во 2014 наспроти 2013, што е најдобар процент во Европа и стана пример за регионот.“ Напредок може да има само во средина која е стабилна за водење бизнис, така што компаниите и оние со кои соработуваат, ќе можат да го искористат потенцијалот на Македонија и да стимулираат понатамошен раст и развој на државата. Македонија2025 работи во насока на добросостојбата на Македонија. Нашата порака до сите е да останат обединети за мир и стабилност во Македонија и регионот и никогаш да не се откажат од оваа надеж“, истакнуваат од Македонија2025.

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија