Од маркетинг идеја до план за поевтино паркирање!
Објавено во: Стил 24 Јули, 2013 21:44
Секој ден во Сеул возачите се принудени да поминат по најмалку 500 метри во потрага по место за паркирање, односно околу 15 километри на месец. За ова трошат во просек по 1 литар бензин непотребно. Горивото во Сеул не е евтино - околу 2 долари за литар.
Затоа една маркетинг агенција почна да промовира нов начин за олеснување на паркирањето во рамките на една кампања на свој клиент.
Дречливо жолтите гумени стрелки на кои пишува „ТУКА" покажуваат каде има слободно место за паркирање. Тие се дигаат нагоре кога местото е слободно и спуштаат кога е зафатено.
Гледајќи ја стрелката, возачот гледа каде има место и не мора да прави кругови на паркингот. Ова помага да се спаси многу гориво и време во потрага по паркинг. ТРезултатот е задоволен клиент и уште позадоволен возач.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





