15 Декември, 2025
0.1122

ОД МЕСЕЦ ВО МЕСЕЦ ГРАЃАНИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ЗАДОЛЖУВААТ – само за потрошувачки кредити имаат долг од 1,9 милијарди евра, еве каква е состојбата со другите

Објавено во: Финансии 10 Ноември, 2025 07:43

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани и компании не се откажуваат од кредитите и продолжува трендот на раст на задолженоста и покрај тоа што референтната каматна стапка на благајничките записи останува висока. Последните податоци на Народната банка на Македонија откриваат дека заедно граѓаните и компаниите на банките им должат 532,395 милиони денари или 8,6 милијарди евра. За споредба во првиот месец од годинава, или во јануари вкупната вредност на кредитите достигнуваше 8 милијарди евра.

Традиционално граѓаните должат повеќе од компаниите и нивниот долг во месец јуни достигнал 269,056 милиони денари или 4,37 милијарди евра. Компаниите должат нешто помалку или 260,821милиони денари односно4,24 милијарди евра.

Сепак, забележиво е дека во последните месеци расте кредитирањето на корпоративниот сектор со позабрзано темпо од претходно.

Податоците на Народна банка покажуваат дека расте задолжувањето и кај домаќинствата и кај компаниите, со тоа што во последниот месец повторно расте кај граѓаните со побрзо темпо отколку кај компаниите, што беше случај претходните месеци.

-  Во септември 2025 година, вкупните кредити се зголемени за 0,9 отсто на месечно ниво, поради растот на кредитирањето на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“. Годишниот раст изнесува 13,5 проценти и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“– укажуваат од Народна банка во нивниот последен извештај.

Бројките откриваат дека најголем интерес меѓу нашите сограѓани има за потрошувачките и станбените кредити.

Само за потрошувачки кредити граѓаните должат 137,9 милијарди денари или 2,2 милијарди евра. За споредба во трети месец по основ потрошувачки кредити, граѓаните должеле 1,9 милијарди евра.

Што се однесува пак до станбените кредити, по овој основ граѓаните должат 104,7 милијарди денари или 1,7 милијарди евра. Шест месеци порано или во март долгот за станбени кредити изнесувал 85.555 милиони денари или 1,3 милијарди евра.

Спротивно од нив, најслаб е интересот за автомобилските кредити. Кај оваа категорија граѓаните должат само 427 милиони денари или неполни 7 милиони евра.

Народна банка извести и дека во септември 2025 година кај кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории имаат нов раст и на месечна и на годишна основа.

Па така потрошувачките на месечна основа се зголемени за 0,9 проценти, додека пак на годишно ниво за 10,2 отсто. Што се однесува пак до станбените кредити, кај нив на месечно ниво има поголем раст од 1,6 проценти, додека на годишно ниво растот е 16,1 отсто.

Автомобилските кредити пак имале месечно зголемување од 1,3 проценти, но пад од 0,6 отсто на годишно ниво.

Кредитите одобрени на кредитните картички се намалени за 0,3 проценти на месечно ниво, додека за високи 6,7 отсто на годишно ниво.

Кај негативните салда на тековните сметки и кај кредитите одобрени врз други основи е забележан месечен раст од 1,3 отсто и 0,4 проценти, додека на годишна основа се намалени за 2,7 отсто и 8,5 проценти.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете