ОД НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ, СТАСА ДА БАРА ПАРИ: Маск бара финансиска помош од инвеститорите за да го спаси Твитер
Објавено во: Општо 17 Декември, 2022 21:40
Тимот на Илон Масак им пријде на инвеститорите за да собере нови средства за Твитер, кој секојдневно се бори да опстане, изјави еден од инвеститорите за Ројтерс.
Претседателот и извршен директор на компанијата „Gerber Kawasaki Wealth & Investment Management“, Рос Гербер, изјавил за агенцијата дека бил контактиран од претставник на милијардерот, нудејќи му повеќе акции по иста цена, односно за 54,20 долари, кои Маск ги платил кога преземање на платформата во октомври.
Да потсетиме, многу огласувачи ја напуштија платформата, загрижени за одлуките на Маск за новите правила за твитување, достигнувањето приходи и неговата способност да плати камата за долг од 13 милијарди долари.
Твитер и Маск не одговорија на барањето за коментар.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





