20 Април, 2024
0.2303

ОД ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИК ДО ДОБИТНИК НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР: Кој е белорускиот активист за човекови права, Алес Бјалиатски

Објавено во: Свет 07 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Нобеловата награда за мир годинава е доделена на Белорускиот активист за човекови права Алес Бјалијатски, руската организација за човекови права Меморијал и украинската организација за човекови права Центар за граѓански слободи. Бјалијатски е претседател на Центарот за човекови права „Вијасна“ и поранешен потпретседател на Меѓународната федерација за човекови права. Тој е лауреат на наградата за слобода на Андреј Сахаров и други меѓународни награди за човекови права. И досега беше номиниран за Нобеловата награда за мир и тоа во 2006, 2007 и 2012 година, но прв пат ја добива сега.

Властите во Белорусија го обвинија за затајување данок, по што лидерот на „Вијасна“ беше приведен на 14 јули 2021 година. На 6 октомври 2021 година, Градскиот суд во Минск ја разгледа жалбата на Алес Бјалијатски против продолжувањето на неговиот притвор, но судијата Јаухен Каткевич ја одби жалбата.

СпоредБелорускиот Кривичен законик - Дел 2 од чл. 243 (даночно затајување), предвидена е казна затвор до 7 години. Претходно надлежните соопштија дека покрај чл. 243, активистот за човекови права беше обвинет по два дела од чл. 342 од Кривичниот законик.

На 26 септември 2022 година, се дозна дека кривичните пријави за „даночно затајување“ според дел 2 од член 243 од Кривичниот законик против Валијанцин Стефанович, Алес Бјалијатски, Улаџимир Лабкович и други членови на Вијасна биле отфрлени. Сепак, Бјалијатски, Лабкович и Стефанович не беа ослободени од притвор бидејќи беа обвинети за „криумчарење“ односно „илегално пренесување готовина преку царинската граница на Евроазиската економска унија во големи количини од организирана група“. На тројцата политички затвореници сега им се заканува затворска казна од 7 до 12 години.

Земјите од Европската унија, САД и меѓународните организации за човекови права го признаа како политички затвореник, а неговата казна е политички мотивирана. 

Алес Бјалијатски е активист за човекови права во Белорусија, кој води речиси 30-годишна кампања за демократија и слобода. Во 1996 година, тој го основа Центарот за човекови права „Вијасна“ со седиште во Минск за да обезбеди поддршка за политичките затвореници. Оттогаш, таа стана водечка невладина организација во земјата која придонесува за развојот на граѓанското општество во Белорусија преку документирање на кршење на човековите права и следење на изборите.

Белорусија, под власта на претседателот Александар Лукашенко, често се нарекува „последната европска диктатура“. Оваа репутација со право произлегува од неговото авторитарно владеење во кое изборите се фалсификуваат, гласовите на опозицијата се замолчуваат, а граѓанското општество е сериозно ограничено од државните институции кои се, всушност, продолжение на советското минато на земјата. Земјата е исто така единствена на европскиот континент по континуираната употреба на смртната казна.

Бјалијатски и Вјасна продолжуваат да се залагаат за мноштвото храбри луѓе кои протестираат против диктаторското владеење на Лукашенко со висок личен ризик. Преку нивната посветеност на демократијата и слободата, Бјалијатски и Вијасна ги поставија темелите на мирно и демократско општество во Белорусија.

ФОТО: EPA/TATYANA ZENKOVICH

Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп