Од понеделник Чешка оди во најстрог карантин
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Февруари, 2021
Чешка од понеделник oди во најстрог карантин од почетокот на пандемијата.
Земјата има раст на бројот на заразени поради британската варијанта на коронавирусот. Болниците се преполни. Чешката република, една од најтешко погодените земји во Европската Унија, ќе ја спроведе неизбежната мерка: воведување на најстрогиот карантин од почетокот на пандемијата. Чешкиот премиер, Андреј Бабиш, оцени дека новите мерки се неопходни за да се заштитат граѓаните.
Бабиш призна дека владата направила грешки во справувањето со пандемијата во минатото , но ги повика чешките граѓани да ги почитуваат правилата кои ќе стапат на сила во понеделник и ќе важат 3 недели. Вчера беа евидентирани нови 14.600 случаи, што е за речиси 3.000 заразени дневно повеќе во споредба со претходната недела. Чешкиот министер за здравство Јан Блатни предупреди дека бројот на дневно позитивни случаи може да се зголеми до 20.000 луѓе во наредната недела, пред новите мерки да имаат ефект.foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.