Од понеделник ќе се попишуваат иселениците, вработените во ДКП, затворениците и бездомниците
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2021
Од понеделник почнува првата фаза на пописот. Ќе се попишуваaт иселениците, вработените во ДКП, затворениците и бездомниците.
Eден месец пред официјалниот старт на Пописот на населението, домаќинствата и становите, почнува попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците. МНР ќе спороведе медиумска кампања за мотивирање на лицата за самопопишување/саморегистрација, отсутни во странство. Самопопишувањето ќе се одвива преку веб апликација, која е лесно достапна и ендоставна. Потребно е граѓаните само да се најават со својата веб е-меил адреса. Ќе може да се пристапни само од странство, а безебедноста личните податоци е осигурана. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи рече дека МНР како одговорно за диајспората, преку ДКП ќе биде вклучено во информирањето на иселениците и другите наши граѓани во странство за да се попишта онлјан преку веб страницата на ДЗС.
„На сајтот на МНР веќе има линк за комуникација со телефонски броеви што ќе функциони ра 24 часа и ќе биде се достапен за граѓаните за информации и појаснувања. Веќе се јавуваат граѓани и прашуваат за процедурата“, рече Османи.
Симовски посочи дека МНР и сите дипломатско-конзуларни претставништва на Северна Македонија во странство ќе ги искористат сите можни канали за споделување на информации за Пописот и самопопишувањето. Се препорачува да се искористат сите контакти со здруженија на граѓани, верски здруженија, здруженија на студенти, со цел колку што е можно поголем број на државјани на Северна Македонија кои престојуваат во странство да се самопопишат. Целта на оваа активност е да се добијат податоци за лицата кои се отселиле, како и нивната демографска, образовна и економско-социјална структура, од каде се иселиле и во кој период.
„Овие податоци се од исклучителна важност за анализа и изработка на стратегии и политики за спречување или барем намалување на емиграциониот бран и планирање на развојни политики кои ќе овозможат услови за нивно враќање во татковината“, изјави директорот на ДЗС.
Самопишувањето на лицата во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку следниве веб-страници:
https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx
Самопопишувањето подразбира пополнување на пописната апликација од страна на самото лице кое е единица на попис.
Податоците за домаќинството ги дава полнолетен член во домаќинството кому податоците му се најмногу познати, а за децата до 15 години, еден од родителите, посвоителот или старателот. Лицето кое ги дава одговорите за Пописот е должно на сите прашања да даде точни и целосни податоци. Податоците при самопопишувањето ќе се запишат според состојбата на ден 31 март 2021 година во 24:00 часот, односно на полноќ, меѓу 31 март и 01 април 2021 година.
Телефонски броеви за контакт за информации за Попис 2021 при Министерството за надворешни работи:
075 268 732 (редовна линија, Viber, WhatsApp)
075 268 734 (редовна линија, Viber, WhatsApp)
075 268 745 (редовна линија, Viber, WhatsApp)
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.