ОД ПОНЕДЕЛНИК НОВА АВИОЛИНИЈА: „Томас Кук“ ќе ги донесе првите белгиски туристи во Охрид
Објавено во: Економија 18 Јуни, 2016 11:00
Уште еден тур-оператор од понеделник ќе почне да лета на македонско тло.
Бегискиот тур-оператор „Томас Кук“ ќе ги донесе првите белгиски туристи, а ќе нуди летови на релација Белгија – Охрид.
Туристите на охридскиот аеродром ќе пристигнат во понеделник наутро со туроператорот „Томас Кук“.
Оваа компанија на пазарот на туристички услуги постои од далечната 1841 година. Опслужува над 22 милиони клиенти а нејзините приходи од туристички аранжмани надминува 9 милијарди фунти.
Според првичните најави кога беше претставувана авиокомпанијата пред јавноста започнувајќи од јули 2016 година, за почеток ќе има по минимум еден чартер лет, а неговото потпишување ќе влијае врз подобрување на странскиот организиран туристички промет во државата, ќе се раздвижи на прво место локалната економија, но и економијата на државно ниво.
На официјалниот почеток на оваа авиолинија најавено е обраќање на претставници од ТАВ Македонија, туроператорот „Томас Кук“, Агенцијата запромоција и поддршка на туризмот и од локалната самоуправа на Охрид.
Со воведувањето на оваа авиолинија се очекува да се зголеми бројот на туристи од Брисел, но и другите европски дестинации.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




