20 Декември, 2025
0.0374

Од работата на Џонсон Мети и Џонсон Контрол зависи македонскиот извоз!?

Објавено во: Економија 17 Април, 2013 20:03

Добивај вести на Viber

Во услови  на криза, најголемите две извозно ориентирани компании лоцирани во слободната зона Бунарџик, Џонсон Мети и Џонсон Контрол, ќе почнат со извоз во Велика Британија, најави денеска министерот за економија Сараќини. Според него, во текот на 2103 и 2014-та, извозот ќе порасне за 50% . Џонсон Контролс и Џонсон Мети, пo 20 години ја сменија структурата на извозот на македонската економија и наместо како порано да извезуваме полупроизводи од челичната и текстилната индустрија придонесоа да извезуваме готови производи со додадена вредност, рече Сараќини кој денеска се сретна со менаџментот на двете компании. „Во услови на криза во последниве две години Џонсон Контролс и Џонсон Мети успеаа да го задржат темпото на извоз и да најдат и нов пазар, Велика Британија. На средбата ми беше укажано дека годинава и следната година планираат за 50 проценти да го зголемат извозот,“ рече Сараќини, нагласувајќи дека на тој начин дури 50 осто од вкупниот извоз на земјава ќе се реализира од компаниите кои оперираат во ТИРЗ. Министерот исто така апелираше младите да ги следат огласите за вработување и да аплицираат за работа во овие компании, а информираше и дека во Џонсон Контролс просечната возраст на вработените е 33 години.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба