Oд СДСМ велат дека Левица стана десница
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2022
Левица стана десница, велат од СДСМ.
Тие го коментираат дејствувањето и реториката на Левица.
„Оваа партија како заложник го зеде Христијан Мицкоски, затоа што тој е слаб, без став, без визија и без одлучност. Мицкоски не гледа што е добро за државата и граѓаните, гледа само како да не заостанае зад Апасиев. Политичкиот пироман Апасиев, со Мицкоски како негов заложник, сака да ја врати државата назад во изолација и неизвесност, а народот да го подели по сите основи. СДСМ, заедно со демократските сили тоа нема да го дозволи, државата ќе продолжи по патот на интеграциите се до полноправно членство во ЕУ, затоа што тоа е гаранцијата за стабилна и сигурна иднина“, стои во соопштението.
И претходно, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го нарече лидерот на Левица, Димитар Апасиев политички пироман кој според него го држи ВМРО-ДПМНЕ во заложништво затоа што е слабо.