ОД ШАМПИОНИ ЗА ШАМПИОНИ: Освојте ја Мусица по патеки направени од светски имиња во планинскиот велосипедизам!
Објавено во: Мои пари 10 Мај, 2023 10:35
Придобивките од велосипедизмот на сите ни се познати! Се активираат сите мускули, телото се оформува во правилна насока, а чувството на две тркала е незаменливо.
Дали знаете дека во Македонија има патеки за планински велосипедизам направени по меѓународни стандари и во соработка со светски шампион во овој спорт?
Се наоѓаат над Крушево, низ убавите предели на Бушева планина, а ги осмисли и проектираше тим на GFC Sports Management AG, предводен од познатиот планински велосипедист и светски шампион од Швајцарија, Ралф Неф.

Дизајнирани се за уживање и од ентузијасти и од професионалци, а може да ги освојувате и со профи планински велосипеди од флотата на Panorama All Seasons Adventure.
Компанијата, која оперира и со Ски центарот Панорама и Хотел Панорама Спа, инвестираше во нивната изградба со цел да ја збогати на постоечката туристичката понуда и промоција на активниот туризам во Крушево.

Шампионот Ралф Неф при работниот престој во градот не го криеше воодушевувањето од Крушево и природата и истакна дека гледа голем потенцијал тоа да стане домаќин на меѓународни трки во планински велосипедизам.

- Имате многу убава природа и секакви терени. Рамни, стрмни. Нашиот тим имаше непроспиени ноќи заради неограничните можности кои што ги увиде деновиве. Многу е добро да се види и големиот ентузијиазам што го има локалната велосипедска заедница.

Проектот се реализираше во 2021-та од страна на со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Епа, бајкери, знаете каде возиме следно. Информации и резервации тука.
Пр објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




