15 Декември, 2025
0.0313

Од што „Макпетрол“ направи 28,5 милиони евра, а не е продажба на горива?

Објавено во: Економија 21 Јуни, 2019 19:40

Добивај вести на Viber

„Макпетрол“ со своите над 120 бензински пумпи е голем малопродажен ланец со уште поголем неискористен потенцијал. Лани приходите од стоки за широка потрошувачка (грицки, сладоледи, цигари, пијалоци, чоколади и друго) достигна 28,6 милиони евра и тоа е 8,5 отсто од целиот приход од продажба на домашниот пазар

Најголемата домашна компанија за малопродажба на нафтени деривати лани направи приход од 28,6 милиони евра од продажба на сладоледи, смоки, грицки, сендвичи, безалкохолни пијалоци, цигари, козметика за возила, моторни масла и други стоки за широка потрошувачка кои можат да се најдат на повеќе од 100 бензиски пумпи на „Макпетрол“ ширум земјава.

Податоците покажуваат дека лани 8,5 отсто од продажбата на стоки на „Макпетрол“ во земјава е од останати стоки (кои ги набројавме погоре н.з.). Таа продажба изнесува 28,2 милиони евра и во однос на 2017 година е поголема за 1,43 милиони евра односно бележи раст за 5 отсто.

Со овие податоци „Макпетрол“ може да влезе и во конкуренција на најголемите ланци супермаркети во земјава кои бележат продажби околу 50 милиони евра на годишно ниво. Компаративната предност на „Макпетрол“ е во тоа што компанијата не ги плаќа своите вработени само да продаваат стоки за широка потрошувачка туку да точат бензини, ТНГ и дизел горива, а дополнително и да наплаќаат за стоките од широка потрошувачка кои се достапни на рафтовите во бензинските пумпи. Барем во најголем дел од бензинските пумпи ширум земјава, а ги има повеќе од 100, вработените се ангажирани за продажба на нафтени деривати и за наплата на производите кои се на рафтовите во бензинските станици.

Кој е „Макпетрол“ на македонскиот пазар за малопродажба на нафтени деривати?

„Макпетрол“ и понатаму суверено го држи приматот џин на македонскиот пазар. Неговата продажба лани надмина 355 милиони евра и тоа е за 17 отсто односно за 51 милиони евра повеќе од претходната година. Компанијата има повеќе од 120 бензински станици во земјава и се друго освен доминација би било изненадување. Неформално со толку малопродажни единици  „Макпетрол“ сигурно е најголемиот ланец на малопродажни места за стоки од широка потрошувачка во земјава. Според податоците од единечниот финансиски извештај нето добивката на „Макпетрол“ е 12,65 милиони евра и тоа е податок без останатата сеопфатна добивка која изнесува уште 1,38 милиони евра. Во споредба со лани нето добивката на гигантот е два и пол пати повисока од 2017 година.

Најголемиот ривал  „Лукоил“е три пати помал од „Макпетрол“ и покрај тоа што има раст на приходите од продажба за 18 отсто во однос на 2017 година. Добивката кај „Лукоил“ лани пораснала за 70 отсто во однос на претходната година. Вкупните приходи на „Лукоил“ кој има 4 пати помалку бензински пумпи од „Макпетрол“ (вкупно 30 низ цела држава според официјални податоци од нивната веб страница) лани изнесувале 114 милиони евра и во споредба со претходната година биле повисоки за 17,4 милиони евра. Нето добивката на компанијата лани е 3,58 милиони евра и е за 71 отсто повисока од 2017 година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден