ОД ШТО ЗАВИСИ: Ќе потече ли гас од цевките на „Турски поток“ и кон Европа?
Објавено во: Економија 07 Септември, 2016 10:45
Изградбата на првата цевка на „Турски поток“може да почне во октомври. Тогаш ќе бидат потпишани сите меѓувладини договори за реализација на проектот, соопшти рускиот министер за енергетика Александар Новак, цитиран од руската новинска агенција ТАСС.
Очекувањата се дека гасоводот ќе биде изграден во 2019 година. Неговата вредност ќе биде околу 11,4 милијарди евра. Капацитетот на секоја една од цевките, кои треба да бидат изградени, ќе биде 15,7 милијарди кубни метри годишно.
Засега на проектот ќе биде изградена една цевка, по која Русија ќе испорачува гас за внатрешниот пазар во Турција. „Таа може да го замени западниот пат, по кој сега добиваме руски гас“, коментира турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за време на форум во Словенија.
Во моментов Турција добива гас претежно директно од Русија преку „Син поток“, а останатите количества - преку Балканскиот гасовод кој поминува низ територијата на Украина, Романија и Бугарија.
Чавушоглу не ја отфрла можноста и да биде изградена и втората цевка на „Турски поток“ низ кој поминува гас за Европа. Суровината ќе биде испорачана за европскиот пазар преку гасен центар на турско-грчката граница.
Реализацијата на овој план, сепак ќе зависи од Европската комисија. Такво барање веќе направија и од Русија, и од Грција.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




