19 Декември, 2025
0.0402

Од следниот месец ќе плаќаме поевтина струја?

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2016 12:07

Добивај вести на Viber

Можно поефтинување на струјата во јуни најавуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

Како што пренесе Канал 5 комисијата ги прави пресметките за новата цена на електричната енергија а се очекува  надолна корекција на цената или сметките од јули ќе бидат пониски.

Засега не е познато за колку проценти ќе биде намалена цената а до регулаторната комисија веќе се поднесени трошоците на компаниите но што има во нив не се соопштува.

Сепак, неофицијални информации велат дека две од трите компании врз чии извештаи се формира новата цена на електричната енергија бараат намалување и тоа кај едната да изнесува над 30 проценти.

Како да платите дупло помала сметка за струја?

Сметките за струја знаат да бидат голем проблем за вашиот новчаник особено во зима. Еве неколку совети како да заштедите.

Бојлер

За да заштедите топла вода, подесете го термостатот на болјерот на температура помеѓу 50 и 60 степени Целзиусови. Наместо да се бањате во полна када, туширајте се, бидејќи на тој начин се намалува потрошувачката на вода и струја. Од време на време, исчистете го болјерот од креч, бидејќи бигорот ја зголемува потрошувачката.

Машина за перење

Машината за перење обично троши 1-2 киловат-часа, а обично работи 3 часа. Ако ја вклучувате секој втор ден, месечно ќе потрошите од 45 до 90 киловат-часови. За да заштедите струја во процесот на перење алишта, вклучувајте ја машината после полноќ

Греење

Греењето најмногу тежи на вашиот паричник. Еден од најефикасните начини да ја одржите саканата температура е добрата изолација. Тоа можеби е скапа инвестиција, но сигурно ќе ви се исплати во иднина.

 Дополнителната термоизолација ќе ја намали потрошувачката за 25 до 60 проценти. Исто така, ако се греете на струја, изберете грејно тело со термостат.

Фрижидер

Термостатот на фрижидерот наместете го на 3 или 5 степени. Избегнувајте да ставате топли тенџериња и редовно чистете го и отстранувајте го вишокот лед.

Шпорет

Една рингла на шпоретот троши 1.5 до 1.8 киловат-часови за 1 час работа, а греачот во рерната – од 2 до 4 киловат-часа. Садот во кој готвите гледајте да биде иста големина како ринглата и настојувајте да го поклопувате додека готвите.

 Ако ја користите рерната, термостатот мора да биде на максимум, но избегнувајте често да ја отварате вратата, бидејќи при секое отварање ја смалувате температурата за околу 15 степени.

Машина за перење

Перете ги садовите кога машината ќе се наполни, избегнувајте ги циклусите со висока температура (90 степени) и вклучувајте ја после полноќ.

Повеќе прочитајте тука како за заштедите за струја.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии