ОД СТОЈАКОВО ДО КИНА: Двајца Македонци нашето знаме го развиорија на Кинескиот ѕид
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2019
Двајца Македонци од селото Стојаково, Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев се одлучија за еден необичен и несекојдневен потег.
Тие тргнаа на пат за Кина и нивна крајна цел беше македонското знаме да го развиорат на кинескиот ѕид. Во тоа успејаа вчера. Со 40 годишно „рено 4“ на пат се 20 дена, а сега ги чека патот за назад. Поминаа низ Србија, Романија, Украина, Русија, Монголија и Кина. Попат имале позитивни и негативни искуства, многу згоди и незгоди, за што своите фанови ги информираа на социјалните мрежи.
„По 20 дена и изминати 11.000 километри со „рено 4“ и 800 километри со Боинг 737 успеавме! Го развиоривме македонското знаме на Кинескиот ѕид и што би рекол Ѓорѓи Николов: „Стојаково и Македонија на нозе, Кина на колена! Битката на Кинеската граница ја загубивме ама војната ја добивме!!!", пишуваат тие на Фејсбук.
Во Пекинг топло добредојде добија од членовите на Македонската амбасада во Кина. Македонците кои се во овој кинески град ги запознаа со знаменитостите.
Граѓаните се воодушевени од нивното патување и желбата да го развиорат знамето на својата земја на Кинескиот ѕид.
Мала перипетија имаа на монголско – кинеската граница затоа што немале договорено туристичка агенција и кинески возач со кој би се движеле на територијата на Кина, но проблемот за кратко беше надминат.
Тие го почнаа патувањето на 29 јуни од Стојаково. По големата авантура кога стигнаа до Ница и назад со нивниот олдтајмер, одлучија да се зафатат со поголем предизвик. Изминатите нецели три недели речиси немаа поголеми проблеми, среќаваа луѓе од кои добиваа голема поддршка, а беа пречекувани и од нашите претставници во амбасадите во земјите што ги посетија.
„За следно патување постојано планираме нешто, но прво да се вратиме дома, и потоа добро ќе испланираме“, велат тие.Очекуваат идното лето да реализираат ново патување, кое најверојатно ќе биде на друг континент. Како опција ги споменуваат Африка, Северна или Јужна Америка.
Сања Атанасовска
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.