Добивај вести на Viber
Дел од граѓаните и утрово, исто како и вчера вечерта имаа вода.
И нив не им е јасно што се случува.
А за тоа реагираше и новинарката Мери Јордановска.
„Ако од јавно претпријатие под надлежност на Град Скопје предупредат, „ќе немате вода 15-24 часа, почнувајќи од петок од 22 часот“ луѓето го читаат тоа како „ќе немате вода 15-24 часа, почнувајќи од петок од 22 часот“.
За некој можеби неважно, но имаме болници, ресторани, фризерници, противпожарни екипи, останати претпријатија и приватни фирми кои треба да направат план и реорганизација на целото работење оти децидно било кажано дека ќе нема вода 15-24 часа почнувајќи од петок во 22 часот. Да не зборуваме тука за сите домаќинства, оти сметам дека е инфантилно во 21 век да зборуваме за важноста на водата, исто како за чистиот воздух.
Е сега, имаме ситуација кога, наспроти кажаното, ние ИМАМЕ вода во петок во 22 часот и сите треба да сме благопријатно изненадени оти ни работи казанчето, без разлика на сите изреметени планови. Ама не сме благопријатно изненадени, оти НИКОЈ, ниту градоначалначката Данела Арсовска, ниту надлежните од Водовод и канализација не излегоа пред граѓаните да објаснат на што се должи ова? Да се радуваме оти имаме вода или да очекуваме полошо сценарио?
Се срамам додека го пишувам ова во 21 век, додека луѓе ги полнат кадите со вода, спремаат залихи, полнат шишиња и кофи, брзаат дома до 22 часот да се искапат, и немаат појма дали да ги празнат кадите или да чекаат милостиња од транспарентност.
Но, сепак во меѓувреме стигна и добра вест. Барем Косоврасти доби паркинг. А ние за вода мрчиме.
Јас сум сѐ посигурна дека сме дел од некој глобален експеримент“, пишува Јордановска на фејсбук.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.