ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство
Објавено во: Македонија 21 Декември, 2024
Професорот д-р Сашо Кожухаров, Декан на Економски факултет и Проректор за наука и развој на Универзитетот Скопје, е човекот кој бил пронајден мртов во својот автомобил во река, а за кого денеска извести Обвинителството во своето соопштение до медиумите.
Тие кажаа дека кај починатиот човек немало видливи траги на насилство, како и дека се чекаат резултатите од обдукцијата, а ќе се прават и додатни лабораториски анализи.
Како што пишувавме, професорот почина на 63 годишна возраст, 11 дена пред неговиот 64-ти роденден.
Професорите на универзитетот се простија од својот колега.
„Те чекавме на утринското кафе пред да почнеме со часовите и денот, а наместо тебе, ни пристигна жалната вест за твоето неочекувано заминување! Нѐ остави со голема празнина таму каде што беше ти, во нашите срца, во училниците на Универзитетот! Ќе го паметиме вчерашниот ден, 16 декември, во спомен на сите прекрасни денови и предизвици што ги поминавме заедно!Нека ти е светол патот во вечноста!“, стои во објавата на професорите на универзитетот.
По веста за смртта на професорот, одредени кругови ширеа шпекулации околу причините за неговата смрт.
Денеска Основното јавно обвинителство Кавадарци извести дека презеле повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември беше пронајден починат во својот автомобил во водите на Црна Река, на територија на Општина Росоман.
„Веднаш по настанот беше извршен увид на лице место, а при првичниот преглед на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство. Издадена е наредба за обдукција, а обдукцискиот наод се уште се изготвува и не е доставен до обвинителството. Освен тоа, наредени се и дополнителни лабораториски анализи“, се вели во соопштението од Обвинителството.
Со цел испитување на настанот, надлежниот јавен обвинител издаде и барања до мобилни оператори за проверка на листинзи и податоци од базни станици за евентуална телефонска комуникација. Воедно, од АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ Тиквеш побарани се информации дали во временскиот период на настанот е вршено испуштање вода од браната на хидроелектраната и дали при таков испуст се подига значително нивото на водата во Црна Река на критичната локација.
Врз основа на сите овие наоди и информации Основното јавно обвинителство Кавадарци целосно ќе го провери настанот.
Од обвинителството објаснуваат дека доколку има траги на насилство, тоа би упатувало на можност за убиство, но овде тоа не било случај.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.