ОД ТРИ ГОДИНИ ЖИВЕЕ НА КИНАРОС: Се трага по единствената жителка на островот
Објавено во: Балкан 02 Јануари, 2020
Се трага по единствената жителка на малиот грчки остров Кинарос.
Ќерката на 74-годишната Ирини Кацотурхи, изрази загриженоста за нејзината мајка, по што почна и акција за пронаоѓање, јави дописничката на МИА од Атина.
Таа три дена не можела да ја добие мајка си.
Хеликоптер на грчката воена морнарица прелетал над малиот остров во Егејско Море, но без резултат, а според грчките медиуми, доколку временските услови дозволат, ќе биде испратен хеликоптер „Супер пума” со спасувачи за да се симнат на островот и да проверат дали 74-годишната жива и здрава во нејзиниот дом или пак нешто и се случило.
Во саботата малиот остров го посети заменикот министер за одбрана на Грција Алкивиадис Стефанис и се сретна со единствената жителка. Сега, во изјава за порталот на весникот „Прото тема”, заменикот министер смирува велејќи дека можеби има проблеми со телефонските линии поради лошото време.
74-годишната Ирини, од тригодишна возраст живее на островот Кинарос. Се омажила и поминала извесно време со сопругот и децата во Австралија, а по враќањето, со нејзиниот сопруг во 2000 година се преселиле на островот. По смртта на сопругот во 2013 година, таа живее сама.
Инаку, силниот северен ветер што во одредени делови во Егејско Mоре достигнува до осум до девет бофори создаде проблеми во бродскиот сообраќај во Грција.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.