ОД ВАШАТА ЛАГА ГИ ИМАВ ПРОБЛЕМИТЕ, А И ЗА ВТОРАВА И ЗА СИТЕ ДРУГИ ЌЕ СЕ ВИДИМЕ НА СУД - Петровска му одговори на Ковачки
Објавено во: Македонија 28 Март, 2023 15:12
Тој ја навреди од собраниската говорница, таа му најави и втора тужба.
Наместо премиерот, на собраниската говорница се појави лично министерката за одбрана, Славјанка Петровска, која му го одговори прашањето и му рече дека ќе добие тужби за клевета.
– Ковачки да се се увери дека сум здрава и стабилна за да одговарам на сите лаги. Тоа вештачење што го откривате се однесува на моето однесување по изнесувањето на вашата лага од пред неколку месеци. Во тоа вештачење пишува и што го предизвикало тоа однесување. За сите ваши лаги ќе се видиме на суд. Ќе се видиме на суд и за лагата дека припадници на военото разузнавање биле уапсени во Косово. Ова е офоцијален допис од косовските служби кои тврдат дека таков настан немало. Ако имате сомнеж за моите одлуки дали се согласно законот или не, има инструмент кој се вика интерпелација, не мора да го прашувате премиерот за моето разрешување – му врати Петровска на Ковачки.
Пратеникот тврдеше дека министерката секој ден пие седативи.
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




