Од вечер почнува „БаскерФест 2014“ низ улиците на цела Македонија
Објавено во: Стил 27 Мај, 2014 15:52
Од вечерва улиците низ повеќе градови во Македонија ќе бидат разубавени со уличниот театар под отворено небо „Баскерфест 2014“.
Стартот е вечер на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, а програмата започнува утре во Гевгелија.
Скопје ќе биде домаќин од 6 до 15 јуни, а целата турнеја ќе трае до 30 јуни со затворање во Охрид, Дојран и Битола.
Улични претстави ќе има и во Кочани на 30 и 31 мај, Велес на 6 и 7 јуни, Свети Николе 7 јуни, Чешиново-Облешево на 10 јуни, Кавадарци на 13 и 14 јуни, Радовиш 14 јуни, Неготино 18 јуни, Виница 19 и 20 јуни, Берово, Македонска Каменица и Прилеп на 20 и 21 јуни, Крива Паланка, Пехчево и Тетово 21 јуни, Крушево 22 јуни, Дојран од 27 до 30 јуни, Ресен 28 јуни, Охрид 28 и 29 јуни, Делчево 29 јуни и Битола на 29 и 30 јуни.
Новитет годинава се ноќните официјални афтер парти забави на фестивалот кои ќе се одржуваат низ најголемите клубови во државата, а на кои ќе учествуваат и дел од баскер изведувачи, како и познати диџеи од Македонија и странство.
Македонија ќе биде домаќин на повеќе од 150 артисти, музичари и театри од целиот свет, од Јапонија до Канада преку Нигерија, па се до Нов Зеланд.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





