Oд ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека се врши мобинг во МЗШВ
Објавено во: Македонија 06 Април, 2018 10:30
Додека земјоделците мака мачат со пласманот на своите производи, како и изнаоѓање на средства за реализација на пролетните земјоделски работи, раководството на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, потпомогнато од одредени тимови на СДСМ профилирани кадри, исклучиво се занимава со мобинг и прогон на вработените, а сѐ со цел во оваа институција да инсталира свои послушници, вели Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потенцира дека на 2-ри април (во понеделник), повикани се сите вработени од министерството и се принудени да пополнуваат прашалници со нивно полно име и презиме (иако вообичаено треба да се анонимни), а под изговор дека тоа се прашалници кои ќе послужат за функционална анализа во Министерството. Истите им се поделени на вработените и под директен надзор инсистирано е задолжително да се одговори на сите прашања кои во најмала рака можат да се карактеризираат како непристојни, а дел од нив се во директна спротивност со законот за заштита на лични податоци. Пред да се состави овој прашалник не е побарано писмена согласност од вработените да се користат нивните лични податоци, иако според наведениот закон изготвувачот на овој прашалник бил должен да го направи тоа, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Особено се скандалозни следните прашања: Заокружи 4 или 5 од наведените вработени без кои може да функционира организационата единица? Заокружи 4 или 5 наведени вработени без кои не може да функционира организационата единица? Заокружи кои државни советници не му се потребни на МЗШВ? Оваа се дел од прашањата кои ги содржеле прашалниците“ - вели Мицевски.
Во оваа постапка прекршен е и Законот за државни службеници, односно се овозможува пониските државни службеници да ги оценуваат претпоставените и тоа не анонимно, додава Мицевски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




