Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат зошто Јанева не пријавила дека одредени луѓе го злоупотребуваат нејзиното име?
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2019
Oд ВМРО – ДПМНЕ прашуваат зошто специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева не пријавила, ако знаела дека и други лица го користат нејзиното име за рекет.
Опозицијата уште еднаш повтори дека Јанева и СДСМ кријат луѓе за да не се дознае дали во шемата има вмешано лица од врвот на владеачката партија.
„Кои се другите луѓе кои рекетирале во име на Катица Јанева и на СЈО? Зошто Катица Јанева цело време знаела дека и други луѓе освен Боки 13 рекетираат во нејзино име, но целиот тој период не пријавувала? Дали можеби се офајдила од она што го добивале за возрат? Дали Катица Јанева призна практично дека дел од тие луѓе односно други луѓе кои што рекетирале се и Кики и Фрики кои што се од врвот на раководството на СДСМ и исто така рекетирале во нејзино име? Колку време Катица Јанева рекетирала со овие луѓе и со Боки 13? Дали сега веќе ги пријави Катица Јанева истиве овие луѓе што рекетирале и дали можеби и за нив има постапка?, праша партискиот портпарол, Димче Арсовски.
Вели дека Јанева го претвори СЈО во рекетарски бизнис но нормално со поддршка на Зоран Заев и на СДСМ.