13 Декември, 2025
0.0405

ОДАМ НА СОСТАНОЦИ ВО АМЕРИКА - градоначалникот на Тирана негира бегство, Бериша обвинува за „организирани дела“

Објавено во: Балкан 28 Декември, 2024 17:35

Добивај вести на Viber

Албанските медиуми на големо јавуваат дека градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај е во бегство. 

Главен наслов денеска во тамошните медиуми е „Градоначалникот на Тирана Ерион Велиај во бегство или?“. Притоа се нагласува дека утрово во 5 часот од аеродромот во Тирана отпатувал сам, со капа на главата и видно нерасположен, што не е својствено за неговиот карактер.

Тие констатираат дека Велиај, кој е под истрага за корупција, од страна на Специјалното обвинителство, најверојатно избегал, бидејќи патува без соработниците од општината.  

Реагираше и лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша кој обвини дека заминал во непознат правец, дека има големи депозити во Дубаи и го повика да се врати во Тирана или премиерот Еди Рама веднаш да поднесе оставка.

Берши дополни дека ова е „едно од најсериозните дела во историјата на државата, организиран и оркестрирани директно од Еди Рама“, при тоа објавува фотографии од Велиај на аеродром и во авионот, добиени, како што вели од граѓани.

На обвинувањата на Бериша дека избегал од државата му одговори Велија, преку објава на социјалните мрежи.

- Одам во Америка, на состаноци кои долго ги одложував, бидејќи јас сум градоначалник на Тирана, а не сум нон грата, човек со злобно лице и срце. Не ја напуштам Албанија, бидејќи дојдов од Америка кога бев 20 години помлад, да подадам рака да ја извлечам мојата земја од калта во која ти и твоите пријатели ја потонавте - му одговори Велиај, додавајќи дека во Тирана се враќа за два дена. 

Можеби ќе ве интересира

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка

ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС

Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС