Одбележан Денот на шегата 1-ви април
Објавено во: Стил 01 Април, 2013 14:22
Детскиот културен центар „Карпош" и Град Скопје организираа забава „Априлијада - Скопје се смее" за децата од сите училишта и градинки од главниот град, каде се пееше, се свиреше, а најмногу се слушаше детската смеа.
Децата под маски, пееја, свиреа, играа, а забавата продолжи и со фолклорната секција на ДКЦ „Карпош", „Златно славејче" и танцови групи од основните училишта од Скопје и околината.
Ноќната забава ќе почне од 21 часот на плоштадот „Македонија", каде ќе настапат Роберт Билбилов, Александар Митевски, Симона Поповска, Мустафа Имери, „Ребис" и диџеј Бабура. Раководители на забавата ќе бидат Марија Петровска и Кирил Поп Христов.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





