Одбраната ќе бара меѓународен увид: Здравјето на Камчев се влошува, му се врши тортура
Објавено во: Македонија 22 Март, 2021
Асистенција и мониторинг од повеќе домашни и меѓународни институции ќе побара одбраната на притворениот Јордан Камчев денеска. Ќе се обратат до Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа, Асоцијацијата за превенција од тортура од Женева, во одделот за национален превентен механизам кај Народниот правобранител како и од македонскиот Хелсиншки комитет.
Одбраната на Камчев тврди дека неговиот клиент ја отслужува мерката притвор во просторија во која не се исполнети минимални стандарди согласно со закон и со меѓународно право. Бранителите велат дека во собата нема санитарна вода, а вода за пиење Камчев добивал ограничено и не секој ден. Немал пристап до светлина и до свеж воздух.
Одбраната од институциите ќе побара да спроведат ад хок увид бидејќи, како што велат Камчев е подложен на нехуман, понижувачки третман и тортура од страна на институциите кои ја имаат ограничено неговата слобода со мерката триесетдневен притвор.
„Оваа ситуација на нехуман, нечовечки и понижувачки третман и тортура само придонесува здравјето на Камчев да се влошува од ден на ден, за што беа предупредени правосудните институции и им беше доставена целокупна медицинска документација од наша страна. За жал, досега нема никакво дејствие од нивна страна ниту било каков одговор, вели одбраната.
Со цел заштита на животот и на здравјето на клиентот, одбраната ќе ги искористи сите легални и легитимни институции, како македонски така и меѓународни да извршат мониторинг, надзор и заштита од ваквото постапување.
Инаку како што додаваат, претседателот на Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа, Микола Гнатовски, во декември 2020 година, при неговата посета на Македонија, бараше од Владата поригорозно водење на основната реформа на затворскиот систем, во согласност со долгогодишните препораки на Комитетот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.