Одговор од „Супертрејд“
Објавено во: Економија 02 Ноември, 2018 10:27
Редакцијата Фактор ги доби одговорите од компанијата „Супертрејд“. Истите, заедно со поставените прашања од редакцијата, ги објавуваме во целост.
„Во однос на Вашиот маил по однос на спроведените истражувања за пазарот на нафта и нафтени деривати, и во врска со поставените прашања, во понагамошно излагање на овој допис Ви ги доставувам бараните одговори:
1. Дали се веродостојни податоците од јавната база податоци достапна на агрегаторот time.mk?
Одговор: Одлика на професионални медиум кој објективно, транспарентно и без скриени намери е финанските податоци за одредена компанија да ги објавува во целост, а не парцијално со цел да се прикаже погрешна слика во јавноста. Податоците што ги имате превземено од time.mk не се совпаѓаат со реалните податоци за прашањата кои што во продолжение ги поставувате.
2. На какви ангажмани на менаџментот се должи резултатот што го постигнал „Супертрејд” со добиените договори за набавка на државни органи и фирми?
Одговор: Супертрејд е компанија со повеќе од 27 годишна традиција која што од 2011 е присутна на пазарот со нафта и нафтени деривати. Зголемените договори за набавка на државни органи и институции се благодарение на напорната и професионална работа не само на менаџментот на Супертрејд, туку и на сите вработени во компанијата. Дополнителна вредност е и влезот на американската компанија Gulf 0il за кои Супертрејд е ексклузивен дистрибутер во Република Македонија и истото допринесе за подигнување на стандардите, конкуренти цени и квалитететен увоз на нафта и нафтени деривати.
3. Во истиот период лани ( 1.1.2017 – 30.10.2017) компанијата добила тендери за снабдување вредни 1,3 милиони евра, а годинава за истиот период нивната вредност е 5,3 милиони евра. Која е суштинската разлика за овие резултати? Дали тоа се должи на промени во компанијата или на промени во деловното опкружување т.е. бизнис климата?
Одговор: Делумно, одговорот е истиот како во претходното прашање, но тука сакаме да потенцираме дека вредноста на договорите е поврзана и со растот на цената на барел нафта на светските берзи. Супертрејд учествува на јавни набавки и не само оваа и претходната година туку многу години наназад. Би сакале да потенцираме дека бизнис климата оваа година е подобрена со голема тенденција за уште поголемо подобрување со влезот на земјата во НАТО и отпочнување на преговори со ЕУ.
4. Која е клучната причина заради која „Супертрејд” има толку подобри резултати во добивање државни тендери годинава во споредба со лани?
Одговор: Одговорот е наведен во претходните прашања, но би сакале повторно да потенцираме на квалитетните нафтени деривати кои ги дистрибуираме, конкурентните цени, повисоките стандарди наментати од Gulf Оil rnternational како и успешната работа на менаџментот.
5. Од достапните податоци се гледа дека од најголемите 10 тендери (јавни набавки со најголема вредност) дури 5 сте ги добиле во текот на оваа календарска година, а дури 4 тендери од најголемите 5 тендери сте ги добиле во оваа година. Што е причина на овој спектакуларен резултат?
Одговор: Одговорот повторно би сакале да го прочитате во претходните одговори на Вашите прашања, но би сакале да напоменеме дека не само за нафтениот бизнис во Република Македонија туку и за целосната деловна клима, влезот на бренд како Gulf 0ilна пазарот е од исклучително значење. Токму американската компанија е втор странски реномиран бренд кој е присутен на нашиот пазар и се надеваме дека нашата конкуренција ќе го следи примерот и на нашиот пазар ќе може да очекуваме и други светски брендови со кои на потрошувачите ќе им се понудат поквалитетни производи, создадени по врвни стандарди на производство и диструбиција.
6. Дали сте член на најголемата политичка партија која е на власт?
Одговор: Не.
7. Дали имате некоја функција во најголемата политичка партија што е на власт?
Одговор: Не.
8. Дали управителот на „Супертрејд” е во роднински врски со г-дин Митко Андреевски, советник на енергетика на г-дин Зоран Заев, ПВРМ?
Одговор: Не.
9. Дали поднесовте тужба до Управниот суд на решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки за одбивањето на жалбата и поништувањето на тендерот за набавка на дизел гориво за потребите на ЈСП Скопје и кој е вашиот став за поништувањето на тој тендер?
Одговор: Работењето со јавни набавки е составен дел од секоја голема компанија.доделување или поништување на одредени јавни набавки е сосема нормална оперативна активност на секоја компанија. Што се однесува до конкретниот случај, не би сакале да коментираме бидејќи станува збор за внатрешни одлуки на компанијата.
Еве го текстот на кој одговараат од Супертрејд.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




