17 Декември, 2025
0.0403

Одлучивте ли каде ќе летувате? Еве ги цените во Грција, Бугарија и Турција.

Објавено во: Балкан 02 Јули, 2014 07:47

Добивај вести на Viber

Градчето Сидари на островот Крф ја предводи грчката ранг како најевтина дестинација ова лето со цена од 45 евра. Островот е претставен од цели три дестинации во првите места по најниски цени за сместување. Најпознатите летувалишта во Халкидики, како Пефкохори, Неос Мармарас, Ханиоти и Калитеа, остануваат назад на листата со повисоки просечни цени за ноќевање. Најскапата дестинација меѓу е ИА на грчкиот остров Санторини. Ноќевање во малото село, познато по своите бели куќи со сини врати и куполи, изнесува во просек 320 евра за двокреветна соба. 1 Сидари (Крф) – 45 евра 2 Лименас (Тасос) – 55 евра 3 Гр.Кос (Кос) – 57евра 4 Гр. Скопелос (Скопелос) и Агиос Георгиос (Крф) – 58 евра 5 Лаганас (Закинтос) – 60 евра 6 Гр.Скиатос (Скиатос) – 65 евра 7 Парга (Јонско Море) и Ханиа (Крит) – 67 евра 8 Никиана (Лефкада) – 70 евра 9 Занте (Закинтос) – 72 евра 10 Гр.Родос (Родос) – 75 евра 11 Пефкохори (Халкидики) – 77 евра 12 Неос Мармарас (Халкидики) – 80 евра 13 Ханиоти (Халкидики) – 100 евра 14 Калитеа (Халкидики) – 120 евра 15 ИА (Санторини) – 320 евра Популарниот туристички центар на Егејскиот брег - Дидим, е најприфатливата дестинација во Турција ова лето. Според истражувањето цената за ноќевање во градот е 63 евра, што е опипливо над најниските просечни цени за сместување во морските дестинации во Бугарија и Грција. Со просечна цена од 235 евра за ноќевање Белек е најскапата дестинација во турската рејтинг листа. Едно од најновите и модерни одморалишта во Турција, Белек се прослави како најголем голф центар во земјата. 1 Дидим (Егејско Море) - 63 евра 2 Аланија (Средоземно Море) – 65 евра 3 Кушадаси (Егејско Море) – 70 евра 4 Аивалик (Егејско Море) – 75 евра 5 Фетие и Сиде (Средоземно Море) – 80 евра 6 Анталија (Средоземно Море) – 85 евра 7 Каш (Средоземно Море) – 90 евра 8 Марамарис (Средоземно/Егејско Море) – 95 евра 9 Бодрум (Егејско Море) – 120 евра 10 Белек (Средоземно Море) – 235 евра Китен е најевтина дестинација во Бугарија ова лето. Просечната цена за ноќевање во стандардна двокреветна соба во Китен за периодот јуни - септември изнесува 33евра, Равда 37 евра и Созопол 42 евра се рангираат на второ и трето место. Најскапото одморалиште во бугарската рејтинг листа е "Албена" со просечна цена за вечер од 93 евра. Иако е со највисока цена за ноќевање во бугарското крајбрежје на Црното Море, "Албена" останува далеку под цените во првите одморалишта по грчкото и турското крајбрежје. Цените во рангирањето се изготвени врз основа на сите пребарувања на сместување во Бугарија, Грција и Турција во периодот од јуни - септември оваа година. Тие ја покажуваат просечната цена за сместување во стандардна двокреветна соба. Цената ги вклучува само најбараните дестинации на достапни хотели во сите меѓународни платформи за конкретниот временски период на истражувањето. Ова значи дека на терен може да се најдат и далеку пониски и далеку повисоки цени за сместување. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии