26 Април, 2024
0.0347

Одлуката потпишана: Владата подготвена да ги брани ставовите ако добие тужба за Иловица

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Владата е спремна да оди на суд доколку добие тужба од Еуромакс рисурсис за рудникот „Иловица“.

Министерот за економија го стави потписот на предлог одлуката за едностран раскин на договорот а следна е владината процедура. Од друга страна Бектеши рече дека Владата ги има аргуметите и дека не носат никакви емотивни одлуки туку одлуки во рамки на сите процедури и закони.

-Ако мислат дека би требало да одиме на некаков меѓународен суд, ние сме подготвени како држава и како Влада за да ги браниме нашите ставови. Одлуката на Второстепената комисија е конечна. Веќе е потпишана предлог-одлуката за едностран раскин на договорот со Иловица и сега ќе оди низ владини процедури, преку Генерален секретаријат, преку соодветните комисии и потоа на седница на Влада, каде треба да се расправа и да се донесе соодветна одлука, образложи Бектеши.

Од Еуромакс Рисорсис за Фактор веќе потврдија дека го добиле решението од Комисијата, но како што потенцираа многу е рано да кажат дали ќе тужат и кои ќе бидат нивните идни чекори.

„Ги анализираме деталите изнесени во Решението, како и импликациите кои ќе произлезат од истото. Во овој момент, е многу рано да се произнесеме која ќе биде нашата одлука за понатамошните наши чекори кои ќе бидат превземени. Поради тоа, не сакаме да даваме дополнителни коментари во врска со ова. Меѓутоа, во догледно време, откако ќе биде донесе конечна одлука, ќе бидете известени за нашите идни чекори“, велат за Фактор од Еуромакс Рисорсис.

Според нашите сознанија канадската компанија нема да избрзува со тужба, туку најверојатно ќе се обиде претходно да ги искористи сите други алатки што и стојат на располагање. Но доколку другите чекори не вродат плод, тужбата би била логичен исход. Колку таа ќе тежи засега не може да се шпекулира, но сигурно дека ќе биде на милионски износ, со оглед што компанијата таму планираше да вложи околу 340 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра