Одобрен буџетот на Грција за 2013 година
Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2012 09:08
Со 167 пратеници од 300-члениот Парламент Грција го одобри буџетот за 2013-та. Новиот буџет предвидува заштеди од над девет милијарди евра кои ќе ги погодат се платите во јавниот сектор, пензиите и социјалните бенефиции. Дефицитот ќе се зголеми, а прогнозираниот пад на БДП-то изнесува 4,5 проценти.
Јавниот долг се зголемува од 175 на 189 отсто од БДП или околу 350 милијарди евра. Ова е повторно далеку над условот од Унијата која бараше јавен долг од 120 проценти во 2020 година. Сега се чека средбата на министрите за финансии од еврозоната, кои треба да одлучат дали ќе и ја дадат новата транша помош на земјата од 31,5 милијарди евра со што ќе биде избегнат банкрот. Според германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле и неговите колеги од еврозоната допрва ќе оценуват дали мерките што ги усвои Парламентот се соодветни на потребните реформи. Сепак најавите се дека денеска нема да биде донесена конечна одлука за доделување на помоѓто кон Грција* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени
Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година





