19 Декември, 2025
0.2597

Одобрен договорот за спас на Кипар од финансиски колапс

Објавено во: Свет 25 Март, 2013 09:11

Добивај вести на Viber

Зелено светло на новиот спсувачки договор му дадода министрите за финансии од еврозоната, кој Кипар успеа да го постигне синоќа со лидерите на европските институции и меѓународните кредитори, изјавија извори во Брисел.

Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис изјави дека е мошне задоволен од спогодбата, постигната на маратонските преговори со Брисел.

- Задоволен сум дека имаме програма и таа е во интерес на кипарскиот народ и на Европската унија во целина, нагласи тој.

Банките во Кипар, со исклучок на Народната банка, која ќе биде ликвидирана ќе бидат наскоро отворени, изјави претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум по средбата со министрите за финансии од еврозоната.

- Засега не треба да го објавиме точниот датум за отварање на банките. Одлуката ќе биде донесена по консултациите со експерти од тројката во текот на денешниот ден, додаде тој.

Дејселблум изјави исто така дека со оглед на тоа дека решението за антикризната програма на Кипар е постигнато, ултиматумот на Европската централна банка е исполнет и таа ќе продолжи да ја обезбедува ликвидноста на кипарските банки.

Во замена за меѓународната помош Кипар ќе треба драстично да го намали преголемиот банкарски сектор, да ги намали буџетските трошоци, да изврши структурни реформи и да ги приватизира државните активи.

Претседателот на Еврогрупата нагласи дека повеќе од Кипар не се бара да собере 5,8 милијарди евра сопствени средства и оти точната сума на националниот пакет за помош на банкарскиот систем се уште не е пресметана. - Заборавете на таа бројка, ние веќе не ја споменуваме. Усвоивме нов план, кој има зал цел да ги реши проблемите на двете најголеми банки во земјата. Точната сума треба да се пресмета, додаде Дејселблум.

Тој потврди дека износот на меѓународната помош за Кипар останува десет милијарди долари и изрази увереност дека сите национални парламенти на земјите од еврозоната, вклучувајќи ги и Холандија и Германија ќе го одобрат отпуштањето на меѓународната помош во тие услови.

- Народната банка ќе исчезне, а Банката на Кипар ќе биде значително намалена, изјави генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард.  Најголемата банка на Кипар ќе мине низ болно престуктурирање, при што параметрите на процедурата се уште не се определени, но познато е дека ќе останат неприкосновени само депозитите до сто илјади евра.

- Во однос на поголемите кредити властите на Кипар во соработка со меѓународните кредитори ќе ги пресметаат следните неколку недели точните проценти, кој од нив ќе бидат задржани за потребите на престуктуирањето, додаде Лагард.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја