Одобрена цената на нафтениот продуктовод Солун - Скопје, на прв поглед не делува дека е пониска од стандардниот транспорт на горива
Објавено во: Економија 21 Ноември, 2025 07:50
Владата во текот на овој месец ја одобри одлуката за цената за услугата за вршење транспорт на нафтени деривати преку продуктоводот (нафтовод по старо) од Солун до Скопје на „Вардакс“, подружницата на Хеленик Петропеум, пред да започне повторно со работа по повеќе од 12 години.
На нашето новинарско прашање од Владата ни одговорија дека висината на надоместокот за услугата за вршење транспорт преку продуктовод, изнесува 20,07 евра за метар кубен од производот.
„Вршителот на енергетската дејност транспортот на сурова нафта преку нафтовод, односно транспорт на нафтени деривати преку продуктовод најдоцна два месеца пред датумот на отпочнување со работа, доставува на одобрување до Владата одлука со надоместоци за услугите за вршење транспорт преку нафтовод, односно продуктовод, изработена согласно методологијата од законот. По одобрување од страната на Владата, оваа одлуката се применува од денот на започнување со примена во тековната година до крајот на наредната година“, ни одговорија од Владата.
Ако се пресмета само математички, без да се земат во предвид преостанатите придобивки, регулираниот максимален трошок кој се признава во земјата за пренос на нафтени деривати по конвенцинален транспортен пат е окллу 18,5 евра за метар кубен, што барем на прв поглед делува дека е поевтин начин. Ова се добива доколку се конвертираат доларите во евра и тоните нафта во метри кубни од последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за цената на транспортните трошоци до склад во земјава за нафтените компании која влијае на крајната цена на горивата на малопродажниот пазар.
Од РКЕ ни рекоа дека ќе се следи влијанието од работењето на продуктоводот во креирањето на крајната цена за потрошувачите. Инаку Хеленик Петролеум е доминантен сопственик на АД ОКТА, од каде доаѓа околу 75 отсто од увозот на деривати во земјата.
„РКЕ постојано прави анализа на пазарот и за секоја ново настаната околност, како што е и воведувањето на друг транспорт на нафтени деривати, ќе изврши соодветна анализа колку оваа промена ќе влијае на елементите кои влегуваат во структурата на формирање на малопродажната цена и согласно резултатите, доколку е потребно РКЕ ќе донесе одлука, водејќи се од принципите на заштита на потрошувачите, а притоа внимавајќи да има сигурна и стабилна испорака на нафтените деривати“, ни рекоа од кај Регулаторот.
Се обративме и до подружницата „Вардакс“ на Хеленик Петролеум која ќе го контролира работењето на проодуктоводот. Од таму ни потврдија дека се очекува наскоро ставање во функција.- „Вардакс“ работи со цел нафтоводот да започне со работа наскоро, што претставува клучен чекор за зајакнување на енергетската безбедност, поттикнување на регионалната соработка и обезбедување економски придобивки и покрај притисоците на пазарот. Дополнително, ова значајно достигнување ќе придонесе и за долгорочна одржливост и отпорност., наведуваат од подружницата.
Нафтоводот може годишно да пренесува 2,5 милиони тони сурова нафта и нафтени деривати (дизел, керозин и бензин). Активирањето на нафтоводот треба да донесе повеќекратни придобивки, кои не се само економски, посебно кога има прекини на железничкиот сообраќај.
А..К.Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




