Одредена група граѓани од Македонија ќе можат да влезат во Бугарија без корона тест
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 17 Февруари, 2021
Учениците и студентите од Македонија ќе патуваат во Бугарија без ПЦР тест.
На учениците и студентите од Македонија, Грција, Турција, Србија и Романија кои патуваат дневно или барем еднаш неделно во Бугарија поради образование, повеќе нема да им биде потребен негативен тест на коронавирус. Наредбата ја издаде бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов. Ова важи и за студентите коишто живеат во Бугарија, но патуваат во една од петте земји со цел образование, секојдневно или барем еднаш неделно. Но, оваа привилегија не важи за другите граѓани. До 1 март во Бугарија нема олабавување на мерките.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.