ОДРЕДЕНИ МАРКЕТИ СЕ НАЈГОЛЕМИ ПРОФИТЕРИ - Битиќи тврди дека леб ќе има доволно, и тоа по пристојни цени
Објавено во: Економија 18 Август, 2022 11:26
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека доколку е потребно, можно е да се активираат стоковите резерви на државата.
Тој е дециден дека леб во земјава ќе има, и тоа, како што рече, по реално пристојни цени. Оценка на вицепремиерот е дека цените растат поради „нашето неодговорното однесување“, а за одредени маркети смета дека се најголеми профитери.
„Се испостави во одредени маркети дека токму таму се најголемите маржи. Цените растат и зашто поскапуваат суровините. Тука не можеме да интервенираме зашто сме увозно зависни“, рече тој.Битиќи рече и дека од септември се планираат мерки за помош на граѓаните, но не прецизираше какви, само потврди дека најверојатно нема да има ваучери како поранешните „купувај домашно“.
„Не би кажал дека може да очекуваме ваучери, но ќе има мерки за ублажување на кризата. Не би можел да кажам и дека ќе бидат слични мерките за граѓаните зашто во овој момент се гледа што најбрзо ќе даде ефект. За жал, не сме во можност и ситуацијата не е таква како во првиот период на КОВИД кога можевме да овозможиме. Тогаш интервенциите беа да одговориме соодветно за да ја задржиме економијата да не паѓа уште повеќе“, објасни Битиќи.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




