ОЕЦД : Држави со најдобар квалитет на живот
Објавено во: Анализа 21 Јуни, 2013 09:37
15 место по квалитет на живот. Семејствата имаат над 24,000 долари годишен приход. Парите не се пресудни за среќата но добро е да ги имаш. 96% од Ирците сметаат дека доколку нешто им треба имаат некој кој може да им помогне. Во текот на годината работат 1.543 часа, помалку од просекот на ОЕЦД кој изнесува 1776
ФИНСКА
Со 25.739 долари на располагање за секое семејсрво, земјата се наоѓа на 12 место според квалитетот на живот. 82% од луѓето имаат позитивни искуства во текот на еден ден, или поточно кажано во текот на денот повеќе им се случуваат добри работи, отколку лоши.
ИСЛАНД
И покрај кризата нивниот квалитет на живот е доста висок според оваа листа. Се наоѓаат на 9 место и годишно имаат просечно на располагање 23.047 долари. 98% од луѓето имаат верба дека доколку имаат потреба некој ќе им помогне кога се неволја, имаат помало загадување од просекот на ОЕЦД и скоро целото население е задоволно од квалитетот на водата која ја пие.
САД
Се наоѓаат на шесто место, веројатно поради огромниот приход кој го имаат на располагање 38.000 долари по семејтво. Можноста некој да купи куќа е една од најголемите предности за оваа земја, те условите кои се нудат да дојдете по покрив над главата. Луѓето се задоволни од условите кои ги имаат во своите домаќинства и со просторот со кој располагаат, значително повеќе од просекот на ОЕЦД.
ШВЕДСКА
Очекувано мора да има нордиска земја на врвот. Шведска е втора (инаку Норвешка е четврта) со 26,242 долари годишно на располагање за секое семејство. 87% од жителите од 25-64 години имаат завршено најмалку средно образование и се највисоко рангирани во категориите кои ја опфаќаат животната средина. Што би рекло многу зеленило, малку загадување и добра вода за пиење.
И на прво место....
АВСТРАЛИЈА
Нашите луѓе знаат каде да емигрираат. Втора година по ред, прво место според квалитет на живот. Скоро 29,000 долари секое семејство има на располагање за годишно трошење. Земјата има просечен очекуван животен век од феноменални 82 години. И очигледно битно им е кој ги води, на избори излегува 93% од населението.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





