19 Декември, 2025
0.0629

Официјално: Граве доби согласност да го купи Еуролинк осигурување

Објавено во: Економија 03 Март, 2020 09:55

Добивај вести на Viber

Агенцијата за супервизија на осигурување му дала дозвола на Граве Осигурување да го купи Еуролинк осигурување, соопштија од Агенцијата. Со ова се потврдуваат информациите за кои Фактор пишуваше во ноември лани. 

„Усвоено е решение за издавање согласност за стекнување квалификувано учество од страна на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG од Грац, Република Австрија да стекне акции, кои претставуваат вкупен кумулативен износ кој надминува 75 отсто од вкупно издадените акции со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Еуролинк моментно ја има втората позиција со учество од над 13 проценти на пазарот на неживотно осигурување. Станува збор за позната домашна осигурителна компанија која е во целосна сопственост на GOFI-Group of Finance and investment SA, швајцарскиот инвестициски фонд на познатиот домашен бизнисмен Трифун Костовски.

Еуролинк постои од 2002 година кога Трифун Костовски, преку својот инвестициски фонд GOFI – Group of Finance and Investment SA, од Швајцарија, заедно со уште три странски друштва од Италија и од Швајцарија, одлучи да влезе и во овој бизнис на домашниот пазар. Во 2009 година тој ги презема акциите од другите основачи, па неговиот фонд остана единствен акционер на друштвото.

Според показателите, бруто-полисираната премија за првите шест месеци од минатат година изнесува над 580 милиони денари што е за 7 проценти повеќе на годишно ниво.

ГРАВЕ Осигурување АД Скопје е осигурително друштво кое има 100 процентен сопствен капитал од Австрија, австриско осигурително друштво GRAWE од Грац. Во Македонија постои 12 години.

Продажбата на Еуролинк се реализира, иако во ноември лании беше најавена но не се доврши продажбата на Еуростандард банка во која ГОФИ на Костовски поседува 50 отсто од капиталот, а останатите се на фирмата E.H.H. Eastern Hemisphere Holding SA која исто како и ГОФИ е регистрирана во швајцарскиот град Мелиде. 

Трифун Костовски во декември во интервју за Фактор рече дека банката е стабилизирана и дека нема да се продава. За Еуролинк осигурување рече дека тоа е одлука не неговата ќерка Олга Костовска

„Сметам дека тоа е одлука на Олга. Дали таа смета дека осигурителниот бизнис стигнал до некој врв и можеби сега ќе се зафати со некој нов предизвик во животот, верувајте ми, до моментов немав можност да разговарам со неа. Меѓутоа, дали тоа ќе се случи, јас не знам. Во моментов за осигурителната компанија не можам да ви дадам никаков одговор – дали ќе се продава, дали нема да се продава, и по која цена ќе се продава, дали ќе се продава цела, дали ќе се продаваат дел од уделите, тоа се работи кои ги одлучува исклучиво Олга Костовска, рече тогаш Костовски.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии