ОГЛАС ЗА РАБОТА: Што бараат овој пат во Бакингемската палата?
Објавено во: Стил 25 Август, 2018 19:21
Oгласот е објавен на страницата на Бакингемската палата, а се бара шеф на кујната и кујнските работи.
Платата изнесува 20.000 фунти годишно.
Идниот вработен ќе може бесплатно да јаде, да не плаќа кирија и ќе има 33 дена одмор во годината, а ќе работи 5 дена неделно.
Од новиот вработен се очекува да ја одржува кујната и просториите околу кујната совршено чисти и да ја координира работата на куварите. Сепак, интересно е тоа што во овој оглас не се бара работно искуство.
Од него се очекува да биде „тимски играч”, да покажува иницијатива и да работи со колегите за да постигне добра работна атмосфера, објаснуваат од ПР службата на кралското семејство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





