Оглас за сексуални работнички на државен германски сајт за вработување!
Објавено во: Стил 05 Март, 2013 19:34
На интернет страницата на германската Федерална агенција за вработување беше искористена за рекламирање на предностите на „најстарата професија во светот“ и за вработување кандидатки за работа како сексуални работнички.
Сепак Агенцијата им се извини на Германците објаснувајќи дека огласот бил пуштен без нивна согласност и знаење.
Претходно на сајтот на федералната служба за објавување на слободни работни места, една фирма која работи со елитни придружнички, во огласот 0бара атрактивни и убави дами на возраст меѓу 18 и 40 години, „кои сакаат добро платена работа“.
Меѓу останатото било наведено дека дамите можат да бидат и без професионално искуство, а во текот на работата ќе имаат можност за авантури со реномирани бизнисмени, адвокати, доктори, спортисти, директори и многупознати личности.
Германија ја има легализирано проституцијата, но огласите за работа не се објавуваат на државниот сајт за вработување.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





