ОГЛАСИ: Работа има за општи работници, продавачи, келнери, но што е со административните службеници?
Објавено во: Економија 21 Август, 2020 07:01
Во Македонија периодов најмногу се бараат општи работници, продавачи, шивачи, хигиеничари и келнери.
Овие податоци се објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување, при што може да се забележи дека овие професии се на врвот, но на дното се административните службеници и за нив сега има најмалку слободни работни места.
Повеќе од 500 слободни работни места има за општи работници, за продавачи над 460, додека за келнери има повеќе од 330 слободни работни места. Се барат и повеќе од 530 шивачи, но и 227 хигиеничари.
„Мислам дека тоа што келнерите се во три најбарани професии нема врска со туристичката сезона. Келнери се бараат во текот на целата година. Тие се потребни во ресторани и кафулиња, но не мислам на оние кадри кои се приучени, како студенти, млади, туку на луѓе кои се образувале за таа струка и добро си ја знаат работата“, вели Крсте Блажески од ХОТАМ.
Понатаму на листата се возачи на камиони, готвачи, шанкери, програмери, градежни работници, бравари, тесари, заварувачи.
За административни службеници има шеесетина слободни работни места.
Најмногу слободни работни места има во Скопје, Битола, Тетово, Виница и Кавадарци.
На ниво на држава, според податоците на Агенцијата за вработување има повеќе од 7.300 слободни работни места, но состојбата се менува од ден во ден, со тоа што се пополнуваат дел од работните места, а се објавуваат и нови огласи.
Поради Ковид -19 многу луѓе во земјава ги изгубија своите работни места.
Околу 12 илјади лица се евидентирани дека останале без работа од почетокот на март до крајот на јули поради пандемијата на коронавирусот. Само минатиот месец 2.500 луѓе останале без работа.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




