07 Октомври, 2024
0.0270

Огнен Јанески: СДСМ не смее да си дозволи да води инает со граѓаните

Објавено во: Македонија 17 Март, 2018

Добивај вести на Viber

За тие кои вчера за објавата моја по повод ДУИ и коалицирањата нивни се возбудија па ми велеа дека „по свадба - тапани не бидуваат“, или онаа вулгарната народна истоветна изрека, а за тие кои ми пишуваа на разноразни начини дека сум се каел што ДПМНЕ не е на власт, дека велеле оти овие се полоши од претходните и слично, да ви дообјаснам некои нешта, кои не сте ги прочитале меѓу редови.

За гарнитурата на ДПМНЕ која владееше режимски со Македонија единаесет години се радувам дека не е веќе на власт и останувам на тоа дека како граѓанин(!) се борев преку активно учество во Шарената Револуција и останатите активистички движења и случувања за нивното симнување од власт, особено по сите гнасотии за кои слушавме низ т.н. „политички бомби“. Извичникот ставен по „граѓанин“ е намерен, зашто тоа е и денес така. 
И денес како граѓанин (ќе) реагирам на тоа што мислам дека е неправедно и незаконско, секогаш кога тоа го можам. Моите реакции не се изнесуваат само преку социјалните мрежи, туку и во сите останати дејствувања при моето живеење, се разбира, кога тие се надвор од приватниот живот - регулирани според кодексите и етиките на позициите кои ги имам, или организациите кои ги застапувам.

За тие што велат дека е полошо од претходно или дека ништо не сме смениле, треба да седнам и да ве потсетам на 11-те години поминати под ДПМНЕ-овскиот хибриден режим на владеење. И точно е дека е потешко, зашто одеднаш веќе воспоставениот систем се распаѓа и се создава нов, таков - каков што треба да имаме како држава со демократски просперитети.
Го сменивме Груевски, заедно со неговата фамилија на власт. Тоа не беше воопшто лесно, а напати и беше незамисливо да се оствари. Тоа ни беше и целта. Порано не можевме да замислиме повлекување од функции, поради неодговорно однесување, па дури и приватно (пр. Дац, Донев...). Порано не можевме да замислиме реакции од државните функционери на критиките на граѓан(к)ите. Некогаш задоцнети, некогаш можеби и ги нема, но, сепак има примери што може да се набројат, а порано со боринче не можевме да ги најдеме или побараме.

Никој не очекуваше чуда преку ноќ. Кој очекувал - се лажел. Особено кога станува збор за систем кој бил целосно променет и ставен во целосно потчинета функција на фамилијата на власт. Корените се променија, а тие како коров - тешко се корнат. Но, има по некој изблик на корнење. Некој од ашовите со напор од нас граѓаните ќе закачи некој коров и ќе го откорне, па макар и кога новата власт тоа не го сака или не го прави намерно. 
Така воспоставен систем не може да се промени одеднаш, зашто ќе остане многу од коровот неискорнат.
Но, тоа не значи дека треба да се премолчува кога се случуваат нешта кои сметаме дека се несоодветно спроведени за граѓан(к)ите во оваа држава.

Во средата, седнав пред камера, да си ја водам емисијата и се' до 15-та секунда пред почетокот на емисијата, од режија набрзинка ми јавија дека оставаме се' и се вклучуваме во живо од Собрание, зашто имало некакво случување. Кога се вклучивме 15 секунди подоцна, и кога ги видов снимките на станати пратеници и обезбедување целосно, ми се навратија сите гадни сцени и спомени од преносот при отворената програма за време на Крвавиот Четврток (27-ми април). И екипата на смена во ТВ ни беше истата. Повторно истото чувство ми се разбуди и се радувам што не се реализираше на тој начин. 
Но, начинот, процесот и спроведувањето на законите тој ден и при тие вклучувања воопшто не беше одлика на една држава која цели да стане дел од ЕУ и НАТО. И за реакцијата вчера стојам зад неа, зашто се' уште сметам дека ДУИ е уценувач и искористувач на својата повластена позиција за коалициска партнер на сите со сите и со сите. Но, ни под разно не мислам дека ДПМНЕ е излезот или изборот во ситуацијава.
Вчера објавата ја почнав со изразот дека Владата на РМ и Собранието се „забегани“, и да - во однос на последните случувања со Законот за јазиците, па и со Законот за пушење (Боже - сешто!) забегаа. Зашто со силување на промените, без нивно темелно обработување ќе останат недокажани работи кои им даваат простор на манипулаторите тоа да биде искористено за нивните цели, а против и така кревката ситуација во Македонија. И престанете да се занимавате со работи кои не се приоритетни, кои во овој момент нема да донесат баш некој живот во Македонија.

Затоа, немојте да мислите дека нешто тука жалам за симнувањето на ДПМНЕ од власт. Жалам што ДУИ се на власт повторно како коалициски партнер, но, истовремено се помирив до одреден степен, зашто која и да беше партија победничка на изборите во 2016-та ќе коалицираше со нив, како што впрочем видовме од Договорот меѓу ДПМНЕ и ДУИ Жалам што не посветивме толкав активизам и против ДУИ, како што беше против ДПМНЕ. 
Јас се радувам што ДПМНЕ не се на власт, зашто за прв пат имаме надежи (некакви) да се приближиме кон тоа кон што бевме многу блиску во 2006-та година - ЕУ и НАТО. 
Но, СДСМ не смее да си дозволи да води инает со граѓаните, злоупотребувајќи „европско знаменце“ за закони чија поддршка од ЕУ ја нема, или да носи закони кои се уназадувачки (како Законот за пушење), и сето тоа да го прави на мускули.
Се надевам дека Уставниот Суд како последна инстанца во ситуацијата со Законот за јазици, соодветно ќе си ја заврши својата работа и ќе доведе до ситуација, во која вистина ќе се направи закон за унапредување на правата за јазиците на СИТЕ малцински заедници, а не во загради само за една. Јазиците треба да се унапредуваат и нивната употреба е богатство, но, тоа не смее да доведе до расчекор во меѓуетничките односи, а тоа се случува кога нештата ги истуркувате силувачки и на мускули.

„Festina lente!“ - рекле Латините своевремено. Затоа, Влада на РМ и Собрание - брзајте бавно! Или во превод, забрзајте го чекорот кон подобро утре, но, тој чекор да е добро одмерен и стабилен, како не би се сопнале на првото камче, поради искинатите патики во кои би брзале.

P.S. Препорачувам на сите да размислуваат трезвено и индивидуално, зашто Македонија навистина има ем потреба - ем желба да биде дел од меѓународните организации, зашто ние вистина мора да станеме фактор на стабилност во регионов. Кој следи повеќе од случувањата околу нас и надвор од рамките на нашите граници, ќе сфати дека мора на ова да посветиме вистинско внимание, особено годинава (2018), но, тоа никако не смее да биде спроведено на сила, како што се прикажа во изминатите денови. За да не разгориме нешто, кое сакаме да го изгаснеме. 
Та не сме саде ние - та не сме саде тука.


Фејсбук статус на новинарот Огнен Јанески

Можеби ќе ве интересира

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер