ОГРОМЕН БРОЈ ГРАЃАНИ ПО СЕДМИ ПАТ РЕКОА „НЕ“ ПРОТИВ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ: Протестот мирен и без инциденти, продолжува утре
Објавено во: Македонија 10 Јули, 2022 21:25
Да се сплотиме сите и заеднички да се спротивставиме на ова
мрачно сценарио, да кажеме „НЕ“ за бугаризација, асимилација и за бришење на
нашиот македонски идентитет, порачаа учесниците од вечерашниот протест пред Собранието,искажувајќи
револт против францускиот предлог.
Обраќањата пред Законодавниот дом кој беше крајната дестинација на протестниот марш, почнаа со интонирање на македонската химна, а додека говорниците зборуваа се слушаше скандирањето „Никогаш Северна, само Македонија“.
-Нема ништо срамно во патриотизмот кон сопствената држава и патриотизмот воопшто не е демоде, тоа е максима на оние кои сакаат да ја распарчат Македонија. Никогаш нема да ги трансформираме бугарските фашисти во некакви администратори, нема да ја заборавиме Ваташа, ниту Илинденците, ниту АСНОМ-ците, ниту струмичките студенти, ниту сите оние што го положија својот живот за независна Република Македонија, истакна еден од говорниците.
Пред собраните граѓани прв зборуваше Мартин Треневски, министер за информации во експертската Влада на Никола Кљусев кој кој симболично, носеше маичка со напис „Реферндум ‘91 ‘ЗА’“.
-Европа кон која ние мечтаеме нема разбирање за нашите ставови и погледи. Не ни преостанува ништо, освен да се мобилизираме и да се бориме за нашите правдини, рече Треневски и порача да не се заборават желбите на илјадниците наши претци кои мечтаеа за слободна, независна држава и за тоа ги дадоа своите животи.
Се обрати и актерката Весна Петрушевска, нагласувајќи дека за македонскиот јазик не се преговара.
– Македонија е тврдина која мора да ја одбраниме. Како сакате да ни го смените идентитетот, да не асимилирате, како да се вика мојот театар ако не Македонски народен театар?. Никој не го победил народот, никој не може против народот. Не сакам да преговарам за нешто што е само мое и да ме нарекуваат Северна Македонка, подвлече Петрушевска.
Протестот почна пред Владата и продолжи кон Министерството за правда каде беа поставени транспаренти. Се одвиваше мирно, без инциденти и провокации.
Учесниците најавија дека протестниот марш ќе продолжи утре во 19 часот.
Ова беше седми ден од протестот против францускиот предлог што се организира под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“.
Можеби ќе ве интересира
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија




