14 Мај, 2024
0.1361

ОГРОМЕН РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ, НЕВИДЕН ДОСЕГА - во третиот квартал тие поскапеа за 5,9 отсто, еве кои се причините

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Ако се околу нас сега забрзано поскапува, тоа уште од пред неколку месеци е тренд за становите, но во третиот квартал од годинава се работи за огромен скок на цените, каков што не е запаметен долго време наназад.

Народната банка ги објави податоците за растот на цените на недвижностите во месеците јули, август и септември, кои говорат дека во тој период цените се зголемени за дури 5,9 проценти.

Ваков квартален раст на цените немало од многу одамна, иако повисоки стапки на раст беа забележани уште од стартот на годинава. Односно, во првиот квартал од 2021 година цените на недвижноститѕе се зголемиле за 3,2 отсто, додека, пак, во вториот квартал стапката на раст изнесуваше 4 проценти. Сегашниот раст од 5,9 отсто е убедливо најголем досега, а она што е уште позагрижувачко, е тоа дека нема ниту најави дека во скоро време ќе има стопирање на овој тренд.

А само за илустрација, во минатата пандемиска година, 2020, цените во првиот квартал растеа за 1,9 отсто, во второто тримесечје стапката на раст изнесуваше 1,4 проценти, по што во третиот квартал имаше извесно зголемување на стапката и таа дојде до 2,8 отсто, за во четвртиот квартал повторно состојбата да се смири и стапката да изнесува 1,8 отсто. Но, веќе од стартот на оваа година се забележуваат далеку позначителни нагорни трендови.

Познавачите коментираат дека овој раст на цените на становите се должи на зголемената побарувачка на станови во корелација со намалената понуда, но и поради растот на цените на градежните материјали, а секако дека своја улога имаат и атрактивните станбени кредити, поради конкурентската битка на банките за привлекување на што повеќе клиенти.

Што всушност кажуваат податоците на НБМ за станбеното кредитирање, може да се види од најновиот извештај за август.

Тие бројки говорат дека во август кај станбените кредити во август има најголем и месечен и годишен раст, кој достигнал дури 16,2 отсто, што не е случај со другите кредити, а кај некои дури има и намалување на кредитирањето.

„Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во август, потрошувачките кредити, како една од најзастапените категории, се непроменети на месечна основа, додека на годишна основа се повисоки за 6,9 отсто. Станбените кредити се зголемени за 0,6 отсто и 16,2 отсто на месечна и годишна основа, соодветно. Овој месец, кај автомобилските кредити е забележан месечен и годишен пад за 1,1 отсто и 17,5 отсто, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,4 и 9,9 проценти, на месечна и годишна основа, соодветно. Негативните салда на тековните сметки, во август, се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, при годишен раст од 1,8 отсто, додека кредитите одобрени врз други основи бележат месечен и годишен пад од 1,1 отсто и 27,1 отсто, соодветно“, се вели во извештајот на централната банка.

Или, изразено во апсолутни бројки, во август на граѓаните во земјава вкупно им биле одобрени 1,041 милијарди евра станбени кредити, наспроти 1,034 милијарди евра одобрени во јули, што значи дека само во август граѓжаните зеле нови седум милиони евра станбени кредити, за да обезбедат покрив над глава.

Уште во април градежната комора на Македонија го предвиде растот, велејќи дека се очекува цената на квадрат во центарот на Скопје да достигне 2.000 евра. Оттаму објаснија дека цените допрва ќе растат, со оглед на помалиот број издадени дозволи за градење во изминатата 2020 година, глобалниот раст на цените на градежните материјали, како и недостигот на работна сила. Ова говори дека понудата на станови е голема, но сепак не е доволна за да ја покрие побарувачката,па затоа се очекува да продолжи растот на цените.

Лани според податоците на Државниот завод за статистика звршени се 1.194 станови  што е речиси за 60 отсто помал во однос на 2019 година, кога биле завршени 2.905 станови.

А, според огласите, во Скопје можат да се најдат станови и за 950 евра на понеатрактивните локации, но на поатрактивните има цени и до 2.000 евра. Во поелитните скопски населеби како Карпош и Капиштец, речиси и да нема стан под 1350 до 1.450 евра, а можат да се забележат и многу повисоки цени доколку станува збор за поквалитетни градби.

Неодамна компанијата East Gate Living објави дека на само пет минути од ценатрот на Скопје ќе никне нов станбен комплекс, позициониран веднаш до Ист гејт молот, кој набргу ќе биде пуштен во употреба. Бројот на планирани станбени единици е 672, а тоа е повеќе од 50 отсто од вкупниот број завршени стамнови во изминатава 2020 година. Инвеститорите најавија големи површини зеленило на овој станбен комплекс, како и доволен број паркинг места. Инаку, во првата фаза ќе бидат готови четири згради, и тие ќе бидат завршени до 2023 година. Цената на становите ќе се движи меѓу 1.250 евра до 1.350 евра по метар квадратен. Инвеститорите велат дека цената ќе зависи од големината на станот, при што поевтин квадрат ќе имаат поголемите станови, како и од нивната местоположба.

Акционерското друштво за стопанисување со станбен и со деловен простор, пак, најави дека следната година ќе излезе со значителна понуда на комерцијални станови за граѓаните, Според диртекторот Кристијан Трајковски, планот е да се понудат станови во повеќе градови во земјата, по коректни цени, и тоа во Скопје, Битола, Охрид и во другите градови.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!