ОГРОМЕН СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАТАР
Објавено во: Спорт 08 Декември, 2022
Голем скандал го тресе Светското првенство во Катар. Информацијата која ја објави францускиот новинар Роман Молина наиде на голем одзив во јавноста.
Според информациите кои ги објави, а кои ги пренесуваат речиси сите медиуми од Франција, неколку фудбалери од Камерун и Гана платиле многу пари за да се најдат на списокот на селекторите.
- Одредени претставници на Камерун и Гана платија за настап на Мундијалот. Некои од нив платија само за да бидат на селекторскиот список - вели новинарот Роман Молина пред камерата на својот канал на Јутјуб.
Објавени се и имињата на фудбалери кои се осомничени дека искеширале за нивните места меѓу 26-те најдобри во селекциите на Камерун и Гана. Жером Нгом Мбекели (24) и Суаиба Мара (22), кои имаат одиграно само три натпревари во националниот тим, добија можност да патуваат со репрезентацијата на Камерун. Додека во тимот на Гана има сомнителен фудбалер на Челзи, Баба Рахман. Тој беше осомничен и од навивачите на „црните ѕвезди“ кои на социјалните мрежи за време на Светското првенство напишаа дека Рахман платил за учество во Катар за да го привлече вниманието на големите клубови. Поради него на списокот отсуствуваше играчот на Кристал Палас Џефри Шлуп.
Дополнителен сомнеж, кога е во прашање селекцијата на Камерун, предизвика однесувањето на тренерот на лавовите, Ригобер Сонг, на конференцијата кога го објави списокот на играчи, кој откри дека не се ни познавал со некои од играчите. Камерун беше во група со Србија, одигра нерешено со „орлите“ (3:3), додека во последното коло го победи Бразил со резултат 1:0. Од друга страна, Ото Адо, селекторот на Гана, поднесе оставка по враќањето во земјата, велејќи дека неуспехот на групата и елиминацијата на Црните ѕвезди го смета за неуспех.
Гана и Камерун го завршија натпреварувањето по првата фаза. Камерун ја пропушти нокаут фазата поради гол разлика, додека Гана во групата ја победи Јужна Кореја и загуби од Португалија и Уругвај.
Курир.рс* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.