ОГРОМНИ МАЛВЕРЗАЦИИ: Од Русија во последните 3 години илегално изнесени милијарди долари
Објавено во: Економија 05 Септември, 2016 10:02
Сметководствената комора тврди дека 1.2 билиони рубљи излегле илегално од земјата помеѓу 2013 и 2015 година.
Тоа изнесува околу 18 милијарди долари по сегашниот курс, додека пред три години изнесувал 40 милијарди долари. Тоа доведува до заклучоци дека сегашните руски мерки на спротивставувања на одливот на пари се недоволно ефективни,
Забележани се дека 17.374 случаи во кои се прекршени законите кои се однесуваат на контрола на валутата. Руската федерална служба за фискална и буџетска контрола изрекла казни во износ од 10 милијарди долари, но само 45 000 се вратени во државата, односно 0.0005 отсто.
Како би извлекувале пари од Русија, поединци регистрираат компании за само 150 долари почетен капитал. Како таа сума е безначајна, секоја личност може да регистрира повеќе фирми и преку нив да врши трансакции.
На пример, еден претпремач регистрирал 1243 компании и така извлекол 500 милиони рубљи преку лажни договори. Оваа шема не се менувала со години , а руското законодавство не ја покрило оваа дупка во законот.
Бегството на капитал е еден од основните недостатоци на рускиот буџет. Егзодусот на кеш достигнал 153 милијарди во 2014 година.
Амнестијата на претседателот Владимир Путин за сите оние кои ги вратат средствата во Русија истекла на 1 јули.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




