24 Ноември, 2024
0.0257

ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: ЕСМ ќе добие кредит од 82 милиони евра од четири македонски банки

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ ќе побара кредит од 82 милиони евра (точно 5 милијарди денари) истовремено од четирите домашни деловни банки - Комерцијална банка, Стопанска банка, Халк банка и Уни банка со образложение дека со тие пари ќе се подобри ликвидноста во работењето.

Владата на 8 октомври на седница донела одлука да го задолжи Министерството за финансии да издаде државна гаранција за финансиските обврски што државните електрани ќе ги имаат преку договорот за синдициран кредит што ќе биде склучен со македонските банки, објавено е во Службен весник.

- Со оваа одлука Владата во име на РСМ издава државна гаранција со која го гарантира навременото и целосно исполнување на обврските на Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје кон Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје и Уни банка АД Скопје по основ на главен долг и камата кои произлегуваат од Договорот за синдициран кредит за измирување на достасани обврски со цел одржување на ликвидност и итна финансиска консолидација на АД ЕСМ во износ од 5.000.000.000 (пет милијарди) денари, пишува во одлуката.

Рокот на отплата ќе биде до десет години со вклучени две години грејс период и договорна камата по каматна стапка во висина на актуелната референтна стапка, но зголемена за каматна маржа од, како што пишува во одлуката „2,0 процентни поени, годишно, декурзивно, но не помалку од 4,2 проценти годишно, доколку АД ЕСМ не ги исполнува и сервисира обврските од Договорот“

- Се овластува министерот за финансии да склучи договор за издавање на државна гаранција со Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје и Уни банка АД Скопје и договор за обезбедување на државната гаранција со Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, со кои ќе се регулираат правата и обврските кои произлегуваат од издадената државна гаранција, дополнето е во одлуката.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска минатата недела потврди дека државниот буџет повеќе нема да го субвенционира АД ЕСМ,туку дека државните електрани ќе се задолжуваат со кредити кај домашните деловни банки преку бизнис идеи и планови. Парите ќе треба ЕСМ да ги обезбеди преку комерцијалните банки, а министерката за финансии вели дека банките го поддржуваат секој што има визија и план. 

- Останувам на ставот дека пари од Буџетот нема да одат кон ЕСМ, а понатаму ќе видиме дали комерцијалните банки ќе одобрат или нема да одобрат кредити. Мислам дека тоа е веќе договорено и дека помина и на последната владина седница. Бидејќи бев во Будимпешта и целосно посветена на потпишувањето на кредитот, не ја следев комплетно ситуацијата, односно состојбата и одлуките на Владата, но, по мои информации, требаше да биде помината информација за ЕСМ дека ќе си ги обезбедат средствата од синдицирани заеми од комерцијалните банки. Јас воопшто не се сомневам дека имаат можности. Страшното е кога немате план и визија,тогаш ниедна банка не ве поддржува, но ако имате добри бизнис планови како ја гледате иднината на компанијата, тогаш банките може да го сменат размислувањето и да ве поддржат. Суштината е во тоа како ве гледаат и оценуваат банките. Доколку имаат доверба во вас не значи тоа што компанијата е толку задолжена. Точно е тоа дека компанијата буквално е уништена од претходната влада, но благодарение на новиот менаџмент и новиот директор, се реорганизираат и банките тоа го препознаваат, истакна Димитриеска-Кочовска. 

И министерката за енергетика Сања Божиновска пред две недели како одговор на новинарско прашање рече дека ќе бидат потребни финансиски средства за справување со кризата пред се во РЕК Битола, поради чија нефункционалност, во континуитет од септември мара да се набавуваат поголеми количини на електрична енергија од надвор.

- Следните седум дена ќе правиме точен енергетски биланс и се надеваме дека ќе ги имаме точните бројки за потребна електрична енергија. Сето тоа зависи и од хидрологијата. Во моментов акумулациите се полни само со 24 отсто што воопшто не е во ред, меѓутоа може да се наполнат акумулациите ако ноември е дождлив. Што се однесува за финансии - со премиерот имаме дискутирано и тука, иако не е финализирано, имаме добри шанси да набавиме финансиски средства. Се уште немаме разговарано како, но ќе бидат домашните банки, рече Божиновска.

А.К.



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“