16 Декември, 2025
0.0513

Охрид добива казино, на истата локација бизнис отвора и Кичеец

Објавено во: Економија 21 Август, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Австриската компанија за игри на среќа „Макотен“ ќе отвора уште едно казино под брендот „Фламинго“ - овој пат во Охрид во комплекс хотел Голден Бич. Со тоа Охрид ќе го добие своето прво „оригинално“ казино, затоа што досегашните беа исклучиво електронски.

Комплексот Парк Голден Бич се наоѓа на најлуксузната локација во близина на Охрид, а во негови рамки е и хотелот Голден Вју. Инаку досега казината „Фламинго“ ги имаше на граничниот премин Богородица и во хотелот „Мериот“ на скопскиот плоштад. „Макотен“ уште од почетокот на летото во Охрид отвори школа за дилери, а преку огласи бараше и хостеси, рецепционери, келнери, хигиеничари и друг потребен кадар.

На истата адреса каде што ќе има казино, свои активности подготвува и контроверзниот бизнисмен Зоран Милески Кичеец. По неговото излегување од затвор годинава тој таму ја регистрираше фирмата З&М Компани ЛТД Охрид со дејност хотели и објекти за сместување. Кичеец во мај на истата адреса под иста фирма ја регистрира и подружница 4Л со дејност - ресторани и подготовка на храна. Во јуни Дино Милески станува сопственик на местото на Зоран Милески. Според она што го кажуваат охриѓани, но и според претходните конфискации на Обвинителството, свои апартмани таму има и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков.

Инаку во релативно краток рок во Македонија започнаа со работа неколку големи класични казина во кои рачно се делат карти со крупие. Од април годинава официјално почна со работа „Адмирал Казино“ во хотелот „Лимак“ во Скопје, а потоа набрзо вратите ги отвори и „Апекс“ во хотелот „Луксор“ кај граничниот премин Блаце.

Според правилата на Министерството за финансии, казината треба на буџетот да му исплатат еднократен износ за лиценцата во висина од 600.000 евра, да исплаќаат 20 отсто од разликата помеѓу уплатениот и исплатениот износ од автоматите, како и да плаќаат од 1.725 до 3.000 евра по маса за играње на месечно ниво. Плус, 3 отсто од разликата помеѓу уплатата и исплатата треба да се исплати на сметка на Министерството за здравство.

Новоматик преку „Макотен“ е краен сопственик на казиното „Фламинго“ на граничниот премин Богородица, како и казиното во хотелот „Мериот“ во Скопје. 

Од останатите популарни казина во земјата, познато е уште и „Принцес хотел и казино“ на Богородица во Гевгелија.

Овие казина треба да прикажат и одржуваат основна главнина од 2,5 милиони евра за да можат да работат. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи