15 Декември, 2025
0.0400

Охрид го добива својот прв шопинг мол

Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2018 11:18

Добивај вести на Viber

На површина од 19.000 м2 започнува со изградба првиот шопинг центар во Охрид - Охрид Мол. Најпознатото туристичко место во Македонија кое привлекува голем број на туристи од државата и од странство, сега дефинитивно ќе биде уште попривлечно, особено за љубителите на шопингот.

Охрид Мол се наоѓа до новата автобуска станица, на само 2 километри од центарот на градот. Ќе биде на 2 нивоа, ќе има подземен и надворешен паркинг простор, повеќе од 50 локали за реномирани домашни и светски брендови, а ќе нуди и најразлични забавни и актуелни содржини за сите генерации.

Првиот трговски центар во Охрид е македонска инвестиција на компанијата Делфина Турс. „Охрид Мол е проект за кој јас и моите партнери размислувавме подолг период. Охрид е меѓу најпознатите туристички места во регионот со многу работи што може да ги понуди, но му недостасува центар од ваков тип каде што жителите и туристите ќе можат да купуваат. Со оваа инвестиција Охрид ќе биде уште повеќе посакувана дестинација на туристичката мапа." - изјави Аднан Исмаил, инвеститор на Охрид Мол.

Ексклузивен агент за изнајмување на деловниот простор е консултантската компанија за недвижности Фортон Македонија: „Помеѓу првите закупци кои обезбедија простор во Охрид Мол се грчкиот ланец на супермаркети Веро заедно со Џамбо продавниците. Морам да напоменам дека веќе има огромен интерес на домашните и светски брендови за закуп на локал во објектот и очекуваме брзо исполнување на капацитетитот на трговскиот центар.” – изјави Влатко Богоевски, генерален менаџер на Фортон Македонија.

Изградбата на Охрид Мол е во тек, а отворањето е предвидено за април 2019 година. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 10 милиони евра и ќе биде од значаен придонес за домашната економија, како и за градот Охрид и овој дел од Македонија.


Можеби ќе ве интересира

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти