19 Декември, 2025
0.0727

Охридска банка со промотивни услови на кредити

Објавено во: Економија 14 Април, 2015 18:42

Добивај вести на Viber

Охридска банка воведе промотивни каматни стапки кај кредитите за население и атрактивни пакети за осигурување. Уникатната понуда на кредити ПЛУС осигурување им овозможува на клиентите да изберат комбинација на поволни услови со дополнителна заштита.

Охридска банка, групација Сосиете женерал одобрува кредити со кредитно животно осигурување, со намалени промотивни каматни стапки:

- Станбен кредит–каматна стапка од 4,55%,фиксна за првите 5 години;

- Кеш експрес кредит–каматна стапка од 5,75%,фиксна за првата година;

- Компакт кредит за рефинансирање–каматна стапка од 6,35 %,фиксна за првата година;

Паралелно, Охридска банка воведува и нов, основен пакет на осигурување со кој за 0,44% осигурителна премија, се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа. Овој пакет е достапен за сите апликанти за станбен кредит. Вообичаениот целосен пакет за кредитно животно осигурување, кој изнесува 0,85% годишно од износот на кредитот,останува достапен за сите кредитокорисници.

Промотивните каматни стапки важат за сите нови апликации до 3 јули 2015 година. Во рамките на кампањата,сите новоодобрени кредити се без трошоци за одобрување*.

Охридска банка продолжува со своите напори да излезе во пресрет на очекувањата одклиентите со понуда на кредити соодветни на нивните потреби и со едноставен концепт на осигурување. Уникатната понуда со која клиентите имаат на располагање БАНКА ПЛУС ОСИГУРУВАЊЕ, достапна на исто место и во исто време, ќе го збогати пазарот на банкарски услуги во Македонија.

За подетални информации во врска со промотивната понуда, клиентите можат да ги посетат експозитурите на Банката и веб-страницата www.ohridskabanka.mk.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии